Талибанската влада во Авганистан им нареди на сите локални и странски невладини организации да им забранат на вработените жени да доаѓаат на работа, според писмото на Министерството за економија, што е најнов пример за задушување на слободите на жените во земјата.
Вработените не смеат да работат до понатамошно известување бидејќи некои од нив не се придржувале до владиниот кодекс на облекување за жените, се наведува во писмото, кое го потврдил и портпаролот на министерството Абдулрахман Хабиб.
Одлуката е донесена неколку дена откако талибанците им наредија на универзитетите да го забранат пристапот на жените, што предизвика остра осуда ширум светот и предизвика неколку протести и остри критики во Авганистан.
Не беше одма јасно како наредбата ќе влијае на агенциите на Обединетите нации, кои имаат силно присуство во Авганистан, каде што обезбедуваат услуги во услови на хуманитарна криза.
Хабиб рече дека писмото се однесува на организации под авганистанското тело за координација на хуманитарните организации АЦБАР. Телото не ги вклучува Обединетите нации, но вклучува повеќе од 180 локални и меѓународни невладини организации.