Во последното издание на #РаскажиМи за оваа година, малку експерименталност. Експериментот на некој начин ја одбележа 2022 година, кога „чекоревме по јаже“ меѓу старите и новите нормалности и се обидувавме да ги средиме впечатоците од магловитите изминати години. Иднината е неизвесна. Што ќе донесе 2023 не можеме да знаеме, па со краткиот расказ на Добрин Коцев, ви посакуваме „Голема среќа“.
Голема среќа
***
Добрин Коцев е роден во 1993 година во Скопје. Поет, писател, филозоф, научник, политичар, дерматовенеролог, концептуален уметник, потпретседател на куќен совет, билог, хемичар, рапер, советник за безбедност, експерт за надворешна политика, социјален работник, активист, хуманист, мултидисциплинарен уметник, референт за продажба, педагог, директор на светло, сопственик на мал бизнис за изработка на уникатен рачен накит и подметачи за чаши, културен работник, алпинист.
Пишува откако добил трета награда од Здружениe на борци на Свети Николе при шаховскиот клуб на пензионери за расказ на тема 11 -ти Октомври во шесто одделение. Не е добитник на ниту една друга награда, освен послужавник од Браво кафе.
Неговата единствена книга „Збрка поезија“ го има издадено. Инаку, поетската збирка ја издал во 2020 година. Пишува на Фејсбук, објавува песни без да става селфи слика од него под нив и понекогаш ги крие песните од роднините. Застапен е во неколку антологии и телефонски именик. За него познатиот литературен критичар Б. Н. ќе каже: ,,Неговата поезија е кратка” (непријатна тишина). Неговите песни се преведени на сите можни јазици кои ги има на Гугл Транслејт.
Радио МОФ почна со рубриката #РаскажиМи, каде секој петок објавуваме по еден расказ на македонски јазик. Со рубриката целиме да промовираме домашни и странски автори кои пишуваат, односно се преведени на нашиот мајчин јазик. Истовремено, сакаме да придонесеме во популаризацијата на прозата на македонски јазик.
Сите заинтересирани за објавување на свој расказ во рубриката #РаскажиМи своите дела може да ни ги испратат на info@radiomof.mk, заедно со куса биографија. Расказите и преводите треба да бидат на македонски јазик.