Националната опера и балет информира дека на 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023.
Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, концерт мајстор: Верица Ламбевска, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска.
„Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот“, велат од Националната опера и балет.
На концертот ќе настапат нашите оперски уметници: Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).
Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет.
Повеќе информации за концертот може да најдете на следниов ЛИНК.