„Драгон продукција“ распиша конкурс за пишување на сценарија кои конкретно се фокусирани на хорор жанрот, а кои треба да се фокусирани на елементи од словенската митологија и балканскиот фолклор.
Од продукцијата велат дека сценаријата не треба да бидат подолги од 30 страници, а одбраните сценарија ќе бидат реализирани.
„Целта на Драгон продукција е да се потикнат сите сценаристи, креативци, уметници да ја претстават својата уметничка слобода и инзворедност без цензура. Драгон продукција врз основа на сопствените реални продукциски капацитети ќе обезбеди контуинирано производство на формати што ја изразуваат реалната идентификација на гледачите со содржината и визуелниот наратив“, се вели во конкурсот.
Конкурсот е отворен во текот на целата година, а наградувањата ќе бидат два пати годишно.„Во таа смисла Драгон продукција се стреми преку играната продукција да понуди и уметничко и визуелно доживување по стандардите на европските телевизиски продукции во однос на избор на сценарија, продукциски дизајн, реализација, актерска игра, постпродукција на слика и звук“, велат организаторите.
Сценаријата потеребно е да бидат испратени на е-мејл адресата dragonproductionmkm@gmail.com.