Во пресрет на првиот круг од изборите за претседател на Чешката Република, на 13 и 14 јануари, Чесите бараат нов претседател на државата преку оглас на веб-страницата „Jobs.cz“, каде што бараат „морален модел и менаџер за среќата на целото општество кој ќе стави крај на ерата на ароганција и презир кон луѓето“.
Вработувањето е на определено време од пет години со можност за продолжување на уште пет, доколку работата се заврши на обострано задоволство, а како поволности ги нудат и замокот Храдчани во Прага, летниот замок Лани, патувања во странство и постојано медиумско внимание.
Огласот, судејќи по содржината, го објавија противниците на актуелниот претседател Милош Земан, кому во март му истекува вториот петгодишен мандат, и кандидатот за претседател Андреј Бабиш, кој е поранешен премиер на Чешка.
Шансите на Бабиш да го замени Земан на чело на Чешка се зголемија пред се со вчерашната одлука на првиот човек на синдикатот, Јосеф Штредула, еден од деветте кандидати на изборите, да се повлече, бидејќи има поддршка од дел од левичарските гласачи до кои Бабиш е најблизок меѓу другите кандидати, иако и самиот Штредула ја изрази својата поддршка за Дануша Нерудова.