12 европски земји измериле натпросечно високи температури во 2022 година

Анализа покажува дека дванаесет европски земји регистрирале натпросечно високи месечни температури во 2022 година, кога Европа помина низ најжешкото лето досега, пренесува „Гардијан“.

Дваесет и седум европски земји биле дел од анализата на „Гардијан“, а дванаесет од нив регистрирале барем еден најтопол месец во 2022. Во сите 12 држави, во најмалку еден месец од годината, биле измерени температури повисоки за 1.9 Целсиусови степени над просечната температура, сметана според просекот во периодот од 1999 година до 2020 година.

Според Сервисот за климатска промена при ЕУ – „Коперник“, Европа во 2022 поминала низ својата втора најтопла година и своето најтопло лето.

Највисоки температури биле забележани при крајот на летото, во октомври и во декември.

Во Австрија, просечната температура во октомври годинава, била за 3.3 Целсиусови степени повисока за разлика од просечната октомвриска температура од 1999 година до 2020 година. Франција и Словенија регистрирале температура повисока за 3 степени во октомври, додека температури повисоки за 3 Целсиусови степени во декември биле регистрирани во Хрватска и Грција.

Италија регистрирала повисоки температури во 10 месеци од годината. Највисоката месечна температура во Италија била измерена во мај, октомври и декември. Температурите во Шпанија и Португалија ги надминале границите три пати во годината.

Северна и Западна Европа доживеале долги и интензивни топлотни бранови за време на 2022 година. Голем дел од континентот бил подложен на суши, додека загадувањето од летните, диви пожари биле највисоки во 15 години.

На глобално ниво, 2022 била петтата најжешка регистрирана година досега, додека последните осум години се најжешките години некогаш регистрирани, велат од „Коперник“.

Просечната глобална температура во 2022 била за 1.2 Целсиусови степени повисока за разлика од просечната температура во периодот од 1850 година до 1900 година.