Единаесеттото издание на „Земјотрес“ – фестивалот на свежа музика од домашната сцена оваа година ќе се одржи на 4 февруари од 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ).
„На Земјотрес му претстои промена. Нови генерации, нова брзина на комуникација, трансформирани вредности. Земјотрес 11 е огледало на промената и носи жесток фокус кон најмладата, неверојатно талентирана генерација на локални музичари“, најавуваат од МКЦ.
„Земјотрес 11“ ќе донесе повеќе од 20 активни музички имиња од локалната сцена. Во рамки на годинешната програма ќе настапуваат Andreja Slape, Audio Cigla, Berry Qyat, Bodan Jamakoski, Bon Praskiza, Dimish, Дина Јашари и Другари, Дивоградба, Преку ред, Dope Kukjata, Foolish Green, Goran Kan, KEM, Maximus Vandal, Миа Перевска, Mirko Popov, Peach Vice, Pedro Horisonte, Red18, Vagina Corporation, Zanadu, ВЕЛ.
Билетите може да се набават на bileti.mkc.mk и во билетарата на МКЦ. Првите 100 билети ќе може да ги набават по цена од 300 денари, претпродажната цена е 400, а на денот на настанот билетите ќе чинат 450 денари.
„Застрашувачка сила која се движи под земјата, ја тресе и има намера да експлодира со сета своја убавина, свежина и потенцијал. Вистински земјотрес на нова енергија на 3 музички стејџа. Крвоток по коридорите на Младинскиот Културен Центар Скопје. Но да не должиме многу. Набавете билет, ПРЕПЛАВЕТЕ ГО МКЦ. Ова е Ваше време!“, велат од МКЦ.