На синоќешната 119 седница на Владата беше одлучено Старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно да се адаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик.
Објектот има историска вредност бидејќи на 15 ноември 1944 година за прв пат во Преспа, Љубојно е отпочната настава на македонски јазик.
„Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште ‘Димитар Влахов’ во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Битола, како што соопштија од Министерството за култура, иницира постапка за негова реконструкција и ревитализација како Центар за промоција на македонскиот јазик“, се вели во одлуката.
Министерството за култура е задолжено да ги преземе сите натамошни дејствија во врска со адаптацијата на училиштето „Димитар Влахов’’ во Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.