Советодавниот одбор на матичната компанија за Инстаграм и Фејсбук, Мета повика на укинување на правилата за забрана на фотографии на жени во топлес, неколку години по кампањата #FreeTheNipple, пренесува Данас.
Овој потег доаѓа откако Фејсбук отстрани две објави на трансродова и небинарна двојка на кои се гледа дека парот позира топлес, но со покриени брадавици. Иако „Мета“ на крајот ја врати објавата, одборот му нареди на Фејсбук да ги промени упатствата за голотија за возрасни, така што тие да се „регулираат со јасни критериуми кои ги почитуваат меѓународните стандарди за човекови права“.
Досега, Мета водеше строга политика во однос на изложувањето на брадавиците на жените, а се цензурираше и содржината на мајките кои дојат, пишува „Евроњуз“.
Ова предизвика големо внимание во 2012, кога беше и објавен филм кој ја покрива темата и доведе до протести со кои се бараше жените да можат да ги разголат градите на социјалните мрежи, доколку тие така одлучат.
Оттогаш, воведени се исклучоци за доење, моменти на породување и по породување, здравствени ситуации, на пример, пост-мастектомија, свесност за рак на дојка или акти на протест.