Бројот на ѕвезди видливи со голо око е значително намален во последнава деценија, јавува „Би-Би-Си“.
Причината е осветленоста на ноќното небо позната како „Skyglow“ од вештачко осветлување. Осветленоста на ваквиот сјај се зголемува секоја година почнувајќи од 2011.
„Нашиот поглед кон ѕвездите почнува да исчезнува“, изјавил д-р Кристофер Киба, научник од германскиот истражувачки центар за геонауки во Потсдам.
Научникот до овој заклучок дошол по сведочење на астронаути аматери и граѓани кои 12 години излегувале надвор за да ги бројат ѕвездите видливи со голо око.
Промената во видливоста на ѕвездите што ја пријавија луѓето е еквивалентна на засилување од 10% на осветлувањето на небото на годишно ниво.
Според научниците, тоа значи дека дете родено во област каде во просек се видливи 250 ѕвезди, за 18 години од сега на истата локација ќе може да види помалку од 100 ѕвезди на небото.