Десетици Перуанци се повредени откако повторно се разгореа тензиите вчеравечер кога полицијата се судри со демонстрантите на антивладините демонстрации кои се шират низ целата земја, јавува Гардијан. Протести ја потресоа земјата откако претседателот Педро Кастиљо кој беше соборен во декември, се обиде да го распушти законодавниот дом за да спречи гласање за импичмент.
Во главниот град Лима, полицајците употребија солзавец кон демонстрантите кои фрлаа стаклени шишиња и камења, додека гореа пожари на улиците во градот, покажаа телевизиските снимките. Во јужниот регион Пуно, околу 1.500 демонстранти нападнаа полициска станица во градот Илаве, изјави министерот за внатрешни работи, Висенте Ромеро. Запалена е и полициска станица во Зепита, рече тој.
Здравствените власти во Илаве пријавија дека се хоспитализирани осум пациенти со повреди, вклучувајќи скршени раце и нозе и контузии на очите.
Според извештајот на народниот правобранител на Перу, до доцна попладне, 58 лица биле повредени во демонстрациите низ целата земја.
Немирите уследија откако во четвртокот, една од најстарите историски згради во Лима изгоре до темел, а претседателката Дина Буларте вети дека ќе стане построга кон „вандалите“.
„Преземање на Лима“ – полицијата се судри со демонстрантите на масовните протести во Перу