Култниот режисерско-писателски двоец Слободан Унковски – Горан Стефановски има премиера на 2 ноември во Драмски театар.
Во новиот драмски текст на Горан Стефановски “Огнени јазици” кој го режира Слободан Унковски, музиката е на маестро Златко Ориѓански.
Сценограф е Игор Тошевски, костимограф Ивана Кнез, а играат: Драган Спасов Дац, Благој Веселинов, Зоран Љутков, Диме Илиев, Биљана Драгичевиќ, Игор Анѓелов, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ.
Се работи за десетта претстава на Слободан Унковски по текст на Горан Стефановски.
Извор: Нова ТВ