Ако некогаш ви затребала Фејсбук апликација, тогаш несомнено сте слушнале за im.mk, првата и единствена македонска агенција која стана Preferred Marketing Developer за Фејсбук. Тие се „виновни“ за најголемиот дел од Фејсбук-апликациите на брендовите во кои учествувате за награди.
Штотуку излезе и новото „чедо“ на im.mk, платформата за виџети Embed Social, а за која веќе зборуваат големи и познати светски сајтови. Катерина Стојановска, најзаслужниот член на тимот на im.mk за „раѓањето“ на овој нов проект, објаснува за што се работи:
Што поточно претставува EmbedSocial?
Тоа е платформа за споделување на корисни алатки за зголемување на друштвената интеракција на веб содржините. Главната цел е да се повикаат сите девелопери, блогери и креатори на содржини да ги споделат своите идеи и проблеми, со цел да се креираат едноставни алатки што ќе можат да ги користат секојдневно.
Од каде се јави потребата за една ваква платформа?
Го препознавме проблемот уште кога активно пишувавме блог постови на ИнтернетМаркетинг.мк. Имавме ограничено време да напишеме пост и искрено, премногу време ни одземаа содржини како преземање слика, средување во Photoshop и постирање во CMS.
Зошто токму EmbedGallery е првиот виџет?
На почетокот сакавме да креираме виџет за преземање на Facebook постови слично како Twitter, но за среќа Facebook веќе ја направи оваа функционалност, па решивме да тргнеме со слики и албуми кои сметаме дека одземаат многу време при креирање на веб содржина – на пример: сечење, прикачување на сервер па поставување во код и сл. Имаме многу идеи за нови виџети и се надеваме дека за брзо време ќе ги објавиме.
Колку сте задоволни од бројот на „вградување“ на Фејсбук албуми до сега?
Многу! Не очекувавме дека блогери од Бразил, Шпанија, Романија и Германија уште првиот ден ќе почнат да ја користат оваа алатка. ( Изгледа проблемот со албумите од facebook го имале и други блогери.
5. Колку корисници ви донесе објавата на AllFacebook, DigitalTrends и останатите светски познати страници?
Не сме точно сигурни, бидејќи во оваа фаза регистрираме многу малку од активноста на корисниците. Не сакаме да го комплицираме процесот на преземање на главниот аутпут, па затоа избегнавме било каков начин на автентикација или логин, па затоа не можеме точно да ви споделиме колку уникатни корисници го користеле овој виџет.
6. Имате ли до сега пријавени виџети или идеи од други програмери?
Да, почнавме да добиваме идеи за виџети. На пример, еден корисник од Шпанија беше заинтересиран за виџет за поставување на листи од бренд страни на Foursquare. Исто интересна идеjа од друг корисник за поставување на цели плејлисти од Spotify.
7. Работите ли веќе на некој нов виџет кој ќе се додаде на платформата?
Да :)
8. Ќе одите во Даблин на WebSummit. Дали EmbedSocial ќе биде вашиот главен фокус таму или комплетната ваша понуда?
Веб самитот во Даблин според нас е одличен настан за нашата индустрија. Поканети сме на Alfa Startup програмата и имаме нов систем што сакаме да го претставиме за наредниот месец, па се надеваме дека ќе стигнеме да се организираме.
EmbedSocial сега за сега е платформа што нашите девелопери ја развиваат во денови кога не се толку многу зафатени со редовните обврски. Па затоа и ги повикуваме и сите кои сакаат да споделат идеја или нивен код, ние со задоволство ќе им помогнеме и секако ќе го поставиме на нашата платформа.
На крајот, може да кажеме дека првиот виџет од платформата ќе ви ги скрати маките од повеќекратно качување на фотографии на различни локации, а и воедно може да дејствува како алатка за двонасочно зголемување на посетите на вашата веб-страница и вашата Фејсбук страница.
Извор: Komunikacii.net