Твитер вети дека ќе преземe „помалку строги мерки“ за профилите што ги нарушуваат правилата на користење на платформата. Тоа значи дека ќе ги суспендира само профилите кои прават тешки или тековни прекршувања на правилата.
Од компанијата исто така велат дека ќе биде дозволено поднесување жалба за суспензијата на секој кој смета дека е во право. Оваа можност ќе се применува од 1 февруари и секој кој ќе поднесе жалба таа ќе биде оценета според ажурирани стандарди.
Всушност „помалку строгите мерки“ значи она што Твитер ги прави со години наназад. На пример, го ограничува бројот и содржина што може да ја гледа корисникот или го информира да го отстрани твитот пред да може да се врати на сајтот. Сега оттаму велат дека почесто ќе ги применуваат овие тактики наместо веднаш да одат на копчето за забрана на користење на платформата.
Исто така, компанијата вели дека планира да биде потранспарентна во однос на ваквите дејствија и следниот месец ќе објави нови неодредени функции коишто ќе помогнат во тоа.
Минатата година, сопственикот Илон Маск вети дека Твитер навремено ќе ги информира корисниците кога и зошто се во „банирани во сенка“ или кога твитовите и коментарите на корисникот не се видливи за никој друг освен тој самиот.
Severe violations include but are not limited to: engaging in illegal content or activity, inciting or threatening violence or harm, privacy violations, platform manipulation or spam, and engaging in targeted harassment of our users.
— Twitter Safety (@TwitterSafety) January 28, 2023
Во ноември Маск изјави дека платформата ќе нуди „општа амнестија“ на сметките кои биле суспендирани поради други работи освен објавување нелегална содржина. Досега, ова резултраше со враќање на некои профили на платформата како на Доналд Трамп, Кети Грифин, Џордан Питерсон, Мајк Линдел и Ник Фуентес. Не помина ни цел ден откако Фуентес беше повторно баниран.