Јадро – Асоцијација на независна културна сцена на 3 февруари (петок) во 10:30 часот, во КСП Центар Јадро организира промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски.
„Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го водат авторот, Ѕвездан Георгиевски, и уредникот на публикацијата, Никола Гелевски“, стои во најавата на настанот.
Публикацијата ги анализира културните политики на Градот Скопје и Општина Центар, земајќи ги како типични примери на двата различни, ама најчесто применувани принципа на финансирањето на вонинституционалната култура од јавни, односно буџетски пари во нашата држава за 2021 и 2022 година.
Заклучоците и препораките кои произлегуваат оваа анализа подетално може да се прочитаат во текстот на уредникот, Никола Гелевски.