На иницијатива на членовите на секцијата на фоторепортери при Здружението на новинарите на Македонија (ЗММ) беше одржан работен состанок на кој се разговараше за предизвици и трендови во фелата.
Од Здружението информираат дека на состанокот бил присутен и адвокат ангажиран од ЗНМ со кој било дискутирано за правните механизми кои можат да се преземат при „крадење на авторски фотографии“.
„Членовите од секцијата одлучија дека во иднина потребно е да се направат средби со надлежните институции на кои би се побарале повторно законски измени, но и институционална поддршка и проактивност во заштита на авторското право на професионалните фоторепортери“, посочуваат од Здружението.
ЗНМ во престојниот период, во насока на подобрување и заштита на авторските права на фоторепортерите, ќе реализира средби со Министерството за култура како надлежно за спроведување на Законот за авторско право и другите сродни права, како и средба со обвинители од Основното јавно обвинителство во Скопје земајќи во предвид дека повреда на овие права истовремено е и кривично дело.
Фото: ЗНМ