Агенцијата за млади и спорт објави јавен повик за избор на младински делегат од Република Северна Македонија во работата на Обединетите нации, нејзините тела и комисии.
Можност да учествуваат на повикот имаат млади лица од 18 до 27 години кои имаат најмалку две години искуство во работа со младински организации или организации за млади.
Јавниот повик ќе трае до 16 февруари.
Мандатот на младинскиот делегат трае две години во кои тој ги претставува интересите на младите на состаноците предвидени од Обединетите нации за младинските делегати.
Повеќе информации за повикот и потребната документација за пријавување се достапни на следниов ЛИНК.