Првото бебе панголин во Европа родено во зоолошката градина во Прага

Ретко бебе панголин се роди во четвртокот рано наутро во зоолошката градина во Прага. Според директорот на зоолошката градина, Павел Бобек, ова е првиот панголин роден во Европа, јавува Prague Morning.

„Непосредно пред 4 часот утринава, кинеската женка панголин, Рун Ху Танг, родила ‘пангопуп’. Ова е првиот панголин роден во Европа. Тежи 135 грама. Сепак, важно е да се додаде дека следните денови може да бидат критични“, напиша вчера зоолошката градина во Прага на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoo Praha (@zoopraha)

Зоолошката градина го купи парот панголини минатиот април од зоолошката градина во Тајпеј благодарение на договорот за партнерство помеѓу Прага и главниот град на Тајван.

Постојат осум видови панголини. Некои од нив живеат во Азија, други во Африка. Панголините се уникатни меѓу цицачите поради нивните лушпи, кои се направени од кератин.

Лушпите се нивниот главен одбранбен механизам, кога ќе се соочат со опасност, тие се виткаат во неподвижна, тврда топка. Тоа исто така им олеснува на ловците и ловокрадците да ги фатат.

Панголините долго време се користат како храна во Азија и Африика. Според една студија од 2018 година, годишно се ловат од 400.000 до 2.7 милиони панголини во шумите на шест централноафрикански земји.