Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Видео] „Црвениот аларм е одамна вклучен“ – пациентите со цистична фиброза бараат обезбедување современа терапија 

„Црвениот аларм е одамна вклучен“, велат пациентите со цистична фиброза кои бараат да им се обезбеди современа терапија и соодветни услови за хоспитализација.

Дел од нив заминуваат и во странство во потрага по терапијата, која Асоцијацијата за цистична фиброза бара да им се овозможи и во Македонија, а со тоа и нивното основно човеково право на лек и живот.

2. С. Македонија со мал напредок според Индексот на демократија, но останува на дното во регионот

Северна Македонија е „демократија со недостатоци“ и има многу ниска политичка култура. Ваква оценка доби земјава според новиот Индекс на демократија за 2022 година кој го изработува аналитичкиот оддел на магазинот Економист (ЕИУ).

Земјава има напредок од една позиција во споредба со лани и се најде на 72 место во светот од вкупно 167 држави. С. Македонија во последниот извештај останува во категоријата „демократии со недостатоци“, откако минатата година беше унапредена во овој статус од дотогашниот „хибриден режим“.

И покрај малиот напредок, државава останува на самото дно на регионот според Индексот за демократија. Од окружувањето подобри се Грција (25 место), Словенија (31), Бугарија (57), Хрватска (59), Црна Гора (61), Албанија (64) и Србија (68). Единствено полоша од С. Македонија е Босна и Херцеговина (97 место).

С. Македонија со мал напредок според Индексот на демократија, но останува на дното во регионот

3. Горан Петревски, писател: Луѓето одвнатре вријат

„Животот понекогаш го менуваат случајности“, вели писателот Горан Петревски. Во овој случај тоа е навистина така. Не можев да претпоставам дека една ситна, наизглед, книгичка – „Совршено куси раскази“ исполнета со микрофикција, случајно ќе отвори нови литературни светови за мене кога прв пат ја прочитав пред една деценија.

Дополнително, случајноста дека авторот по професија е професор по монетарна политика и меѓународни финансии на Економскиот факултет во Скопје е уште поинтересна, имајќи предвид дека стилот на Петревски е редок во македонската книжевност.

Деценија па и кусур подоцна, имав прилика да зборувам со Петревски за сѐ, од самите почетоци, неговите книжевни влијанија, слатко-горчливата релација со македонското издаваштво и се разбира, крајот на светот и „книгата за сите времиња“.

Горан Петревски, писател: Луѓето одвнатре вријат

4. Некомпетентност, децентрализација, стратегија – промовирана публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“

Делбата на буџетите за независната култура на ниво на Град Скопје и Општина Центар, децентрализацијата на културата, недостатокот на стратегија и некомпетентноста беа дел од прашањата отворени на промоцијата на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“, која се одржа денес во КСП – Центар Јадро.

Во издание на КСП Центар Јадро, автор на публикацијата е Ѕвездан Георгиевски, додека како уредник се јавуваНикола Гелевски. Во публикацијата е објавена целосната поделба на буџетите за независна култура, финансирани од Градот Скопје и Општина Центар за 2021 и 2022 година, но и наоди од авторот за тоа кои се проблемите кои произлегуваат од таквиот начин на поделба.

Некомпетентност, децентрализација, стратегија – промовирана публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“

5. С. Македонија со мал напредок според перцепцијата на корупција на новиот Индекс на Транпаренси

Северна Македонија се најде на 85 место од 180 светски држави според Индексот за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува Транспаренси Итернешнел.

Со 40 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава изминатава година напредувала две места во споредба со минатогодишното рангирање. Во споредба со лани Индексот е зголемен за еден поен.

И покрај малиот напредок С. Македонија и понатаму останува една од најлошите држави во регионот според перцепцијата на корупција. Пред Северна Македонија на листата се наоѓаат Словенија (41 место), Грција (51), Хрватска (57), Црна Гора (65) и Бугарија (72) и Косово (84). Полош скор имаат само Србија и Албанија (101) и Босна и Херцеговина која е најлошо пласирана во окружувањето (110 место).

С. Македонија со мал напредок според перцепцијата на корупција на новиот Индекс на Транпаренси

Бонус:

20 игри што ќе може да ги играте во 2023 година

Гејмерската заедница ја очекува прилично плодна година, особено по пандемиската сага кога имаше благ застој во развојот на разни изданија, па некои игри беа пролонгирани токму за 2023. Годинава веќе донесе наслови како „Forspoken“ и римејкот на „Dead Space“, а Радио МОФ направи листа на некои од видеоигрите кои своја премиера ќе имаат низ тековните месеци:

20 игри што ќе може да ги играте во 2023 година

#НизТвојотОбјектив – „Ова не е крај на светот“ од Ива Дамјановски

Во рубриката #НизТвојотОбјектив оваа недела ви го претставуваме сетот фотографии со наслов „Ова не е крај на светот“ од Ива Дамјановски.

„Циклусот е посветен на дишењето и воздушното загадување. Сите фотографии се направени во изминатиот месец со Nikon D3300 и воопшто не се едитирани“, вели Дамјановски.

#НизТвојотОбјектив – „Ова не е крај на светот“ од Ива Дамјановски

#РаскажиМи: „Ирина од кулите“ од Бојан Шашевски

Во #РаскажиМи неделава читавме краток расказ од Бојан Шашевски. Делото е првично е објавено на 31 август 2018 година по повод #OverdoseDay, односно Ден посветен на оние кои не се тука поради предозирање, но и за луѓето кои останале без нив.

#РаскажиМи: „Ирина од кулите“ од Бојан Шашевски