„Отчетноста и транспарентноста не ни се јаки страниˮ е темата на шестата радио – дебата на Здружението Диверзити Медиа во рамките на проектот „Дебатирањето менуваˮ.
Дебатата ќе се емитува организира утре ( вторник, 15 октомври), во живо, од 13 до 14 часот на Радио МОФ.
На темата ќе дебатираат Висар Адеми, економски аналитичар и Весна Шкортова, извршен директор на Фондацијата Фокус.
Ова е уште една од циклусот 12 радио – дебати на различни теми кои што се емитуваат секој вторник во истиот термин на Радио МОФ, во периодот од септември до декември годинава.
Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа се партнери – поддржувачи на Диверзити Медиа во овој проект, финансиран од Националниот Фонд за Демократија од Вашингтон (National Endowment for Democracy (NED)).
Диверзити Медиа ќе објавува и анализи од секоја радио – дебата. Тие ќе може да ги следите секој четврток на http://diversitymedia.mk/
Повеќе за проектот може да прочитате ОВДЕ.