Мајкрософт најави нова верзија на пребарувачот „Бинг“ што го содржи најновите опции на вештачка интелигенција (ВИ), јавува „Би-Би-Си“.
„Трката започнува денес“, изјавил во неделата шефот на Мајкрософт, Сатја Надела.
Според него, оваа нова верзија на пребарувачот „Бинг“ ќе ја измени природата на онлајн пребарувањето и интеракциите со други софтвери.
„Оваа технологија ќе ја преобликува речиси секоја софтверска категорија што ја знаеме“, изјавил Надела.
„Бинг“ ќе понуди подетални одговори на прашањата при пребарување освен веб-линкови. Според најавите, корисниците ќе може да комуницираат со ботот за подобро да ги приспособат нивните прашања. По пребарувањето на десната страна од страницата за пребарување ќе бидат понудени повеќе контекстуални одговори поставените прашања. Исто така, новиот пребарувач ќе го ограничува бројот на пребарувања на еден корисник.
Откако беше лансирана алатката ChatGPT, Гугл се соочи во најголемата конкуренција во веб пребарувањето досега. Исто така, појавата на чет-ботот го означи почетокот на трката меѓи компаниите. Соопштението за новиот пребарувач на Мајкрософт доаѓа еден ден откако Гугл го најави нивниот чет-бот базиран на ВИ наречен „Bard“.