Во Старата скопска чаршија вечерва (четврток, 9 февруари) од 21:30 часот ќе се случи концерт на Тодор Караколев.
Тодор Караколев е пејач-песнописец и електронски продуцент.
„Создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската музика: мутант техно, пост-диско, итало… Музика за танц со мрачен сексапил“, стои во најавата.