Седма година по ред, од 16 до 20 октомври во Скопје ќе се одржи „Вино – скоп“. На плоштадот „Македонија“ ќе бидат презентирани голем број македонски вина, храна, но и музичка програма која е дел од манифестацијата.
Посетителите ќе ги забавуваат главно македонски музичари. Настапи на во музичкиот дел на „Вино – Скоп“ ќе имаат Четкар, Супер Хикс, Кристина Аранаудова, Бени и Нон стоп, Драган Мијалковски и други.
Програмата е поделена во пет вечери. Во продолжение – распоредот на сите настапи во текот на годинашниот „Вино-скоп“.
Како и на изминатите изданија на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да си купат чаши и останати репрезентативни материјали (беџови, маички, дуксери и др.), а продажбата ќе биде исклучиво со фестивалски купони.