Од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) преку своја реакција велат дека неприфатливо, скандалозно и спротивно на ационалниот интерес е во Годишната програма да не се издвојат средства за годишните награди на ДПМ: „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“, „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“.
„Тие се наши великани, основоположници и меѓници, чии што имиња и дела се вградени во темелите на идентитетот, јазикот и македонската литература. Неприфатливо е и одбивањето да се финансира манифестацијата „Празник на липите“, која го промовира дијалогот меѓу македонската и светската поезија“, се вели во реацијата.
Од ДПМ предлагаат преку страницата на Министерството за култура на јавноста да ѝ биде достапен списокот на сите предложени книги за публикување, а не само имињата и насловите на избраните проекти.
Од Друштвото истакнуваат дека со отсуството на поддршка во Годинешната програма, дејноста на ДПМ во 2023 година е доведена во прашање, но, тие наме да дозволат писателската асоцијација да го продолжи својот пат.
Друштвото на писателите на Македонија опстојува 76 години.