Во склоп на новиот проект Arts Hub на културниот-социјален простор Центар-Јадро ќе се одржи четиримесечен бесплатен курс за аудио продукција.
Часовите ќе се одржуваат еднаш неделно, секој четврток во просторот на Центар-Јадро и ќе бидат во времетраење од 90 минути со почеток од 18:00 до 19:30 часот.
Предавач ќе биде Владимир Аговски, дипломиран аудио инженер.
Пријавувањето трае периодoт од 16.02.2023 до 26.02.2020 на e-mail адресата centar.jadro@gmail.com со назнака „Пријавување за курс за аудио продукција“.
Курсот започнува на 02.03.2023 (четврток), во 18:00 часот. Бројот на местата е ограничен и од прифатените апликанти се очекува редовност.
Курсот за аудио продукција ќе ги опфати темите за микс и мастер.
За изучување на овој курс е потребно да се има основно познавање во областа на аудио продукцијата. Потребно е познавање на барем една од DAW (Digital Audio Workstations) програмите и изработена музичка нумера (по канали) во програмата, без примена на микс и мастер фазата. Предавањата се осмислени на таков начин што, учесниците своите стекнати знаења во текот на курсот ги применуваат на претходно музички комплетирана нумера, во DAW програмата.
Повеќе информации за курсот ТУКА.