Избрани 19 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година што ја доделува  Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во состав Симона Јованоска (претседател), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ја направи првата селекција од пристигнатите 35 романи, избирајќи 19 наслови што ја продолжуваат трката за престижната награда.

Жири-комисијата констатира дека годинашната продукција се одликува со широка жанровска и тематска разноликост.

„Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март“, информираат од Фондацијата.

Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 24-ти пат.

Ова е списокот од 19-те романи што влегоа во првата селекција:

1.„Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“
2.„Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“
3.„Луѓето, а не градот“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или Или“
4.„Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание
5.„Бегство од изгрејсонцето“, Дејан Гаџовски, „Темплум“
6„Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“
7.„Смртта нe е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“
8.„Само Бог простува“, Анде Јанков, „Антолог“
9.„Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс Либрис“
10.„Времето пред приказната“, Митко Маџунков, „Три“
11.„Нема шума без волци“, Велко Неделковски, „Пагома Прес“
12.„Столб што пее“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
13.„Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
14.„Хотел меѓу две војни“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
15.„Синовите на Адам“, Михајло Свидерски, „Восток“
16.„Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“
17.„Овириyм помеѓу светови“, Агрон Усеини, „Паблишер“
18.„Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“
19.„Естом“, Николина Андова Шопова, „Или Или“