Во Шпанија вчера за прв пат во Европа беше усвоен закон со кој им се дозволува на оние со особено болни менструации да земат платено „менструално отсуство“ од работа, јавува Евроњуз.
Предлог-законот одобрен од Парламентот е дел од поширокиот пакет за сексуални и репродуктивни права, кој дозволува на секое лице од 16 години и повеќе да абортира или слободно да го менува полот на својата лична карта.
Шпанија усвои закон со кој луѓето можат слободно да го променат родот од 16 години
Законот дава право на тридневно „менструално отсуство“, со можност за продолжување на пет дена. За отсуството е потребна лекарска белешка, а сметката ќе ја плати јавниот систем за социјално осигурување.
Законот наведува дека новата политика ќе помогне во борбата против стереотипите и митовите околу менструацијата периодите и го попречуваат животот на жените.
Министерката за еднаквост Ајрене Монтеро го поздрави „историскиот ден на напредок за феминистичките права“.
„Ќе има отпор кон неговата примена, исто како што имало и ќе има отпор кон примената на сите феминистички закони. Значи, мораме да работиме за да гарантираме дека кога овој закон ќе стапи на сила, тој ќе се спроведува“, рече таа во парламентот.