Извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војчицки по 25 години во Гугл се повлекува од позицијата.
Таа во емаил до својот тим напиша дека причината што ја напушта работата по девет години откако дојде на функција е за да му се посвети на семејството, своето здравје како и на некои лични проекти кои ја интересираат.
„Беше постојано задоволство да седам со вас, да ве слушам како ја користите платформата и да слушам повратни информации. Понекогаш тоа што го кажувавте беше тешко, но беше важно за мене и за поширокиот тим на Јутјуб да слушне како да се подобри“, напишала Војчицки во писмо до тимот.
thank you @SusanWojcicki for all your amazing work over the years to make YouTube home for so many creators ♥️ pic.twitter.com/T2t2NUqRsW
— YouTube Creators (@YouTubeCreators) February 16, 2023
Нејзиното место засега ќе го преземе Нил Мохан кој во моментов е директор за производи од Јутјуб. Според Војчицки, Мохан одиграл неколку важни улоги во развивањето на Јутјуб производите во текот на годините. Тој дал свој придонес за развивање на Јутјуб ТВ, Јутјуб Мјузик, Премиум и Шортс, а освен тоа го предводел и тимот за безбедност и доверба на компанијата.
Засега таа ќе го асистира Мохан, а понатаму ќе има улога на советник во Гугл и Алфабет.
„Ова ќе ми овозможи да се повикам на моите различни искуства низ годините за да понудам совети и насоки за развивање на портфолиото на Гугл и Алгафет компаниите“, изјавила Војчицки.