Стартува нова сезона на Млади за Скопје, а со тоа стартува и нова епизода во вид на видео интервју со „Сосед“, експериментален шугејз состав со многу гитарски ефекти.
Се работи за дуото Дарко Медарски (Sfer, Man in a Suit, DaDa) и Марко Трендафиловски (The Planktons, KEM), кои го продлабочија нивното Макотекс соседство со создавање на оригинален авторски звук.
Аудиториумот премиерно ќе има шанса да ги чуе во недела (19 февруари) во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“.
Млади за Скопје со ова ја продолжува својата културна мисија да презентира млади луѓе, свежи алтернативни бендови и уметници, за да се поддржи локалната сцена и продискутира со артистите за нивната работа и за културниот живот.