Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
„Почитувани родители, во училиштето повторно има дојава за бомба. Децата се во дворот со наставниците. Ве замолуваме да дојдете по нив да ги земете“.
Вакви или слични пораки речиси станаа секојдневие за стотици родители чии деца одат во пониските одделенија во македонските училишта. Анонимните лажни дојави за бомби кои веќе пет месеци пристигаат на училишните мејл адреси го наруши образовниот процес. Учениците губат часови, родителите се вознемирени, а властите креваат раце во неможност да го лоцираат мистериозниот заканувач. Додека полицијата наутро ги проверува училниците од поставена експлозивна направа, никој со сигурност не може да каже уште колку време ќе трае оваа „вонредна ситуација“.
Гоце Бумбаровски, наставник по одделенска настава во општинското основно училиште „Кочо Рацин“ во Прилеп, вели дека иако во неговото училиште досега немало дојава за бомба, тој го доживеал искуството кое го делат илјадници родители низ земјата.
„Во училиштето каде што моето дете учи, имаше дојава за бомба, и навистина тоа е стресно, не само за наставниците, не само за родителите, туку и за самите ученици. Е сега, ние возрасните тука треба да бидеме присебни и на еден добар начин да им објасниме што се случува, затоа што има ученици кои што се навистина загрижени, загрижени се за движењето до училиште и назад, а има ученици кои што воопшто не се ни отпретуваат со таа работа, дури им е смешна таа ситуација“, објаснува Бумбаровски.
Тој вели дека во едно прилепско училиште зачестиле дојавите за бомби кои дури отстапуваат од заканите кои се пуштаат во други училишта, па во пораките имало и закана за пукање во прозорци.
„Можеби во прво време (н.з. учениците) беа вознемирени, но веќе им стана секојдневие. Дури сега некои ученици молат бога да има дојава, па да си заминат од училиште, и тоа навистина е проблем со кој што веќе понатаму ќе се соочиме ние возрасните, а и самите ученици, затоа што тоа фактички ни е целта. Образовниот процес треба да трае и да биде непрекинат“, потенцира Бумбаровски
Секојдневни евакуации
Радио МОФ преку Инстаграм направи анкета помеѓу нашите следбеници – основци и средношколци, за последиците кои тие ги трпат од редовните дојави за бомби, евакуации и губењето часови.
Од 126 луѓе кои гласале на нашата анкета најголем број од нив, односно 45% велат дека биле евакуирани од своите училишта повеќе од 5 пати поради дојави за бомби. 14% одговориле дека биле евакуирани помеѓу 1-5 пати, додека 41% од нив досега не биле евакуирани.
Реакциите на младите се движат од разочараност и револт, до резигнираност и по некој саркастичен коментар како „преубаво, поубаво не може да биде“.
„Живеам спроти ‘Ѓорѓи Димитров’ и скоро секој ден има евакуација. Језиво е од една страна, а од друга страна апсурдно е и глупаво што се случуваат вакви глупости и никој не сфаќа ништо сериозно“, вели еден од оние кои одговорија на нашата онлајн анкета.
„На почетокот беше стресно, но сега ни е сеедно“, стои во друг одговор кој го добивме.
Но, покрај нарушувањето на образованиот процес целата оваа ситуација остава и последици по менталното здравје кај бројни ученици. На нашата анкета добивме повеќе коментари на загрижени ученици кои велат дека губат мотивација за учење и одење на часови, или пак вознемиреност од тоа дека ќе им се натрупа наставниот материјал.
„Мојата ќерка е видно вознемирена, иако се трудиме да објаснуваме дека (н.з. дојавите) се лажни“, ни коментираше еден родител на Инстаграм анкетата.
„Ми го рушат планот на денот и не можам да функционирам ако не ми е се` по план“ и „Видно се зголемува пелтечењето“, се уште некои од коментарите кои ги добивме.
Лука Павиќевиќ, претседателот на Сојузот на средношколци, вели дека кај учениците доминира чувство на замореност, бидејќи дојавите за бомби се случуваат веќе подолг временски период, а во некои училишта и секојдневно.
„Мислам дека стравот дека навистина има бомба веќе не е толку застапен, но со честите дојави, со прекинувањето и пореметувањето на наставата се доведовме во една ситуација и учениците и професорите да се чувствуваат заморено од сето ова“, вели Павиќевиќ.
„Загрижен сум поради две причини. Едната е прекинот на образовниот процес, односно фактот дека оваа генерација која сега е 4 година своето средно образование не го доживеа на најдобар можен начин, бидејќи цело време имаше некои пореметувања – пандемија, штрајк на професори, продолжување на зимски распуст и сега дојави со бомби. И, всушност, на крајот излегува дека ефективно многу малку било пренесено како знаење и вештини. Втората причина која загрижува е целокупната безбедносна состојба на државата. Бидејќи ако некој или некои, повеќе чинители, цело време испраќаат дојави со бомби, а државата гледаме дека не ги наоѓа сторителите се доведува во прашање и самата безбедносна ситуација во земјата“, додава тој.
Во истрагата вклучени и НАТО, Интерпол, Европол…
Од првата дојава за бомба на 26 октомври досега стигнале закани на преку 1.000 различни локации. Први на удар беа училиштата во Скопје. Подоцна заканите за бомби се проширија и на училишта во други градови низ земјата. Како што поминуваше времето, дојави за бомби беа пријавувани на најразлични места, од трговски центри, деловни објекти, железничка станица, полициска станица, до станбени објекти и државни институции.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека станува збор за хибридни закани кои се случуваат и во други земји од источниот дел на Европа и пошироко. Според нив, иако досега сите пријави се утврдени како лажни, целта е да се создаде чувство на несигурност и страв, па според тоа овие постапки се квалификуваат како кривично дело „тероризам“.
Содржината на дојавите, за оние кои беа јавно објавени се однесуваше на политички мотиви, со закани дека голем број луѓе ќе загинат поради бомбите, напишани на македонски јазик, но со многу печатни грешки, кои сугерираа дека се користело некаква онлајн алатка за превод.
„Заканите најчесто доаѓаат од ВПН адреси. Мора да се спомене дека при овие организирани хибридни закани, се јавуваат и други лица кои поради лични интереси, наивност, љубопитност и други побуди влетуваат во овој систем, но досега сите вакви активности од наша страна се откриени и против лицата се поднесени соодветни кривични пројави, по кои постапува Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција“, посочуваат од МВР.
„Самите истраги се исклучително комплексни, поврзани со меѓународна размена на информации и поддршка како и со барања за мeѓународна правна помош. Притоа, вклучени се сите институции во државата од безбедносниот сектор, како и од земјите членки на ЕУ и НАТО, Интерпол, Европол, сите партнерски организации и со сите расположливи капацитети се преземаат мерки за расчистување на случаите“, додаваат од Министерството.
Анонимност преку ВПН
ВПН (виртуелна приватна мрежа) конекција овозможува менување на оригиналната ИП адреса на корисникот. Токму ова претставува голем проблем при обидите да се открие од каде се испраќаат заканите. Практично, корисникот од својот компјутер преку ВПН лесно може да ја промени локацијата на ИП адресата од која испраќа мејл и на тој начин да изгледа дека мејлот е испратен од сосема друга држава.
Радио МОФ го контактираше „НордВПН“, еден од најголемите ВПН провајдери во светот, од каде ни потврдија дека досега не биле контактирани од македонските власти во врска со заканите со бомби во училиштата.
Оттаму велат дека не постојат технички мерки кои би го спречиле праќањето на ваквите видови закани,
„Постојат многу начини за да испратите порака анонимно, особено ако зборуваме за дигиталниот простор. Па, фокусирањето на начинот на испраќање на заканата може да даде лажно чувство на некаков напредок. Најголемиот дел од угледните ВПН компании имаат „no-log“ политика, што значи дека не чуваат информации за онлајн активноста на нивните корисници“, вели Лора Тирилит, директорка за односи со јавност на „Норд Секјурити“, под чија капа се наоѓа „НордВПН“.
Седиштето на оваа компанија се наоѓа во Панама и тие функционираат под законите на оваа земја. Во делот „барање на податоци“ на нивниот сајт стои дека Панама не ги обврзува да чуваат податоци за онлајн активноста на нивните корисници, па според тоа тие не ја чуваат историјата на пребарувања, информациите за сообраќајот или ИП адресите кои се користат за пристап до интернет на корисниците.
„Поради тоа, дури и ако добиеме правно обврзувачко барање, може да е невозможно ние да идентификуваме конкретно лице или да дадеме информации со кои би се идентификувало тоа лице. Во случаи каде по соодветен правен процес ние сме обврзани да соработуваме по барањето и кога можеме да идентификуваме конкретно лице, ние ќе ги обезбедиме лимитираните податоци кои ги процесираме во согласност со нашата Политика на приватност, доколку тоа спаѓа во опфатот на барањето“, стои на сајтот на компанијата.
Сличен е случајот и со другите поголеми ВПН провајдери. „ЕкспресВПН“ е со седиште на Девствените Острови, „Сурфшарк“ во Холандија, додека „ПротонВПН“ во Швајцарија, но сите овие компании во своите политики за приватност тврдат дека нудат „no-log“ услуга, односно не чуваат податоци за онлајн активноста на нивните корисници. Радио МОФ испрати прашања до нивните официјални мејл адреси за комуникација со медиуми, но до објавата на текстот не добивме одговор.
Може ли да се влезе во трага на лицата кои ги испраќаат заканите?
Мико Хипонен, светски познат експерт за сајбер-безбедност кој е главен истражувач во организацијата „WithSecure“, за Радио МОФ вели дека постојат примери на криминалци кои биле уловени дури и при користење на ВПН или прокси преку кои го штителе нивниот интернет сообраќај.
„Понекогаш ова се случува поради оперативни безбедносни пропусти, а понекогаш тоа се случува бидејќи напаѓачот користи ВПН провајдер кој може да обезбеди информации за идентитетот на полицијата која дејствува по судски налог“, објаснува тој.
На прашањето за мотивите кои стојат за ваквите напади тој вели дека најверојатно станува збор за обид за предизвикување паника во С. Македонија.
„Она што ми паѓа на памет во моменталнава состојба е дека можеби напаѓачот во овој случај не е воопшто криминалец, туку лице кое работи за странска влада и се обидува да предизвика хаос во вашата земја“, посочува Хипонен.
Американскиот криптограф Брус Шнејер, кого Економист го има наречено „безбедносен гуру“, има поинаков став и во краткиот одговор кој ни го испрати вели дека криминалците очигледно добро ја избегнуваат полицијата.
„Веројатно не постои нешто што македонската полиција може да го направи во овој случај. Изгледа дека криминалците се добри во криење на нивните траги, што е лесно во сајбер-просторот“, изјави Шнејер за Радио МОФ.
С. Македонија последниве две години има континуиран пад на Националниот индекс за сајбер безбедност кој го објавува естонската Академија за е-владеење. Додека во 2021 година земјава се наоѓала на 44 место во светот според подготвеноста за одговор на сајбер-напади, во 2023 година се наоѓа на 60 место, што во регионов е подобро само од Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Во последниот извештај, според овој индекс, земјава има најлош резултат во категоријата „Заштита на суштински услуги“, како и „Заштита на дигиталните услуги“.
Закани со бомби и во регионот
Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија изминатава година исто така беа погодени од бројни лажни дојави за бомби со кои се таргетираа училишта, институции и аеродроми на сличен начин како и во земјава.
Новинарот Вук Јеремиќ, од српскиот весник „Данас“, вели дека заканите во Србија започнале да стигаат кон средината на март минатата година, односно неколку недели по почетокот на војната во Украина. Првите дојави биле исклучиво поврзани со националниот авиопревозник „Ер Србија“ што предизвикало одложување, па и приземјување на неколку летови. Набрзо дојави за бомби почнале да пристигаат на голем број мејл-адреси на институции, студентски центри, болници, аеродроми, ресторани за брза храна, па и до новински редакции, меѓу кои и медиумот во кој самиот работи.
„Содржината на заканите варираше. Обично имаше наведен список на институции (од училишта и факултети, до трговски центри, зоолошки градини, обложувалници…) каде наводно била поставена бомба, заедно со пропратен текст. Текстот исто така беше различен од прилика до прилика. Некогаш пишуваше дека бомбите се поставени затоа што Србија не вовела санкции кон Русија, некогаш нешто друго. Имаше неписмени мејлови, кои се чинеше дека се преведени на Гугл Транслејт, и многу писмени, од чија содржина може да се заклучи дека тој што ги пишува добро ја познава Србија“, објаснува Јеремиќ за Радио МОФ.
Тој вели дека српската јавност на почетокот била вознемирена, иако смета дека никој не верувал дека навистина има поставено експлозивни направи. Според него повеќето луѓе биле иритирани што морало да се евакуираат од зграда или пак кога се наоѓале во сообраќаен метеж кога стигала дојава за поставена бомба на некој мост.
„Како и на сè друго, луѓето се навикнаа на ова. Секој кој има над 30 години се сеќава како изгледаше кога навистина ширум земјата одекнуваа експлозии. Во споредба со тоа, но и со она што се случува во Украина во моментов, ова е навистина бенигно. Друга работа е што дојавите значително се изретчија. Беа интензивни три, четири месеци, а потоа се разредуваа. Искрено, не можам ни да се сетам точно кога беше последната дојава“, вели Јеремиќ.
Српската полицијата во еден момент соопшти дека ги уапсила сите кои испраќале дојави од земјата, додека за дојавите кои пристигнувале од странство образложението било дека се „надвор од дофат на истражните органи“.
„Истрагата на хартија сè уште постои, меѓутоа, јасно е дека во постоечката ситуација не може да доведе до апсење на испраќачот. Како што ми потврдија неколку обвинители, во вакви ситуации истрагата мора да се потпре на обвинителството и полицијата на земјите од кои доаѓаат заканите. Единствените две земји кои нашите функционери ги споменаа во овој контекст се Украина и Полска. Доколку имало повици за соработка и од страна на Србија, тие очигледно не наишле на добар одзив“, вели Јеремиќ.
Неколку дена откако го направивме интервјуто со Јеремиќ, српските власти информираа дека се појавиле нови лажни дојави за бомби низ училишта во Србија.
МОН со онлајн настава ќе се бори против заканите со бомби
Според новите насоки на Министерството за образование и наука (МОН), учениците во чии училишта ќе има дојава за бомба се вклучуваат на онлајн настава од своите домови со цел да се избегне губење часови. Сепак ниту овој процес не помина целосно глатко, бидејќи на самиот старт ученици се соочиле со проблеми да се најават на своите кориснички сметки на платформата „Тимс“.
Според Павиќевиќ добро е што МОН дал некое решение за состојбата, но предупредува дека проблем е што ќе се случи со изгубената настава во првото полугодие, дали ќе има механизми да се провери дали сите се вклучуваат назад на онлајн настава или пак што ќе се случува со оние ученици кои живеат подалеку од училиштето и немаат доволно време да се вратат дома за да ја следат наставата.
„Дури и тоа да се спроведе 100%, односно перфектно, се надоместува само тоа што е загубено истиот ден, односно тоа што се губи моментално. А тоа што беше загубено во текот на првото полугодие не е надоместено и ако вака течат работите гледаме дека нема ни да биде надоместено“, вели Павиќевиќ.
Решението според него е во пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање.
„Илјадници и илјадници луѓе, не само учениците и професорите, туку и техничкиот персонал во училиштата, родителите, полицијата, па и целата поширока јавност цело време е малтретирана од ваквите дојави за бомби. Полицијата е тука да нè заштити сите нас и мора да ги најде овие луѓе и да ги казни, особено доколку дојавите доаѓаат од територијата на Северна Македонија. Од друга страна, образовниот аспект, за жал можеме да кажеме дека оваа генерација е изгубена генерација и допрва државата, општеството, економијата и високото образование ќе ги гледаат последиците од тоа што го направи пандемијата и сите понатамошни пречки – продолжување на распусти, штрајк, изгубен материјал, дојави за бомби направија на системот и како веќе неквалитетното македонско образование дополнително го урнисаа“, вели Павиќевиќ.
Наставникот Бумбаровски онлајн наставата не ја гледа како најидеално решение.
„Со оглед на тоа дека дојавите за бомби стигнуваат во различно време од денот, тешко е да се изорганизира онлајн настава. И сметајте дека не само учениците, туку и наставниците треба да си заминат од училиштето и да почнат да држат настава. Таквата пракса, еве баш во Прилеп, ова училиште каде што е зачестена дојавата за бомби, навистина е голем проблем. Има реакции и од наставниците, од учениците и од родителите. Не можеме оваа онлајн да ја поврземе со онаа во пандемијата, затоа што тогаш беше ограничено и движењето надвор од дома, па така учениците беа дома и го немаа она движење, до училиште и назад. Имаме повозрасни ученици кои лукаво знаат да го избегнат сето тоа, барем денес во овие услови. Можеби да не се вратат дома, па да се обидат да се вклучат на онлајн настава од некој локален кафе бар, или така натаму или нешто слично. Така да, сето тоа, навистина во овој момент не е најидеалното решение“, посочува наставникот.
С. Македонија изминативе неколку години имаше повеќе инциденти во кои институции беа мета на сајбер-напади. Пред три години под хакерски напад беше сајтот на Државната изборна комисија и тоа на денот на изборите. Нападите продолжија со истовремено рушење на сајтовите на министерствата за здравство и образование и наука а нешто подоцна беше хакиран и сајтот на Владата.
Последниве шест месеци под вакви напади беа системот за електронска поддршка iKnow на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, интернет страницата на МОН, каде хакерите ги променија содржините и сликите на насловната страница на сајтот, a последен на мета на сајбер-напад беше системот на Фондот за здравство, кој предизвика хаос во македонското здравство, во кој неколку недели лекарите не можеа да добијат плата.
Даниел Евросимоски / Мартин Колоски
-
Alarme për bombë, publiku i shqetësuar – a mund të zbulohet kërcënuesi anonim?
“Prindër të respektuar, në shkollën përsëri ka alarm për bombë. Fëmijët janë në oborr me mësimdhënësit. Ju lutemi që të vini t’i merrni ato”.
Mesazhe të tilla apo të ngjashme pothuajse janë bërë të përditshme për qindra prindër, fëmijët e të cilëve shkojnë në klasat e ulëta në shkollat maqedonase. Alarmet anonime të rreme për bomba të cilat tashmë pesë muaj arrijnë në emailet e shkollave kanë çrregulluar procesin arsimor. Nxënësit humbin orë, prindërit janë të shqetësuar ndërsa autoritetet i ngrenë duart në pamundësi për të lokalizuar kërcënuesin misterioz. Ndërkohë që policia po kontrollon në mëngjes klasat për mjetin e vendosur eksploziv, askush nuk mund të thotë me siguri se sa do të zgjasë kjo “situatë e jashtëzakonshme”.
Goce Bumbarovski, mësimdhënës në mësimin klasor në shkollën fillore komunale “Koço Racin” në Prilep, thotë se megjithëse në shkollën e tij nuk ka pasur deri tani alarme për bombë, ai e ka përjetuar përvojën të cilën e ndajnë mijëra prindër në mbarë vendin.
“Në shkollën ku mëson fëmija im, kishte alarm për bombë, dhe vërtetë kjo është stresuese, jo vetëm për mësimdhënësit, jo vetëm për prindërit, por edhe për vetë nxënësit. E tani, ne të rriturit këtu duhet të jemi të përmbajtur dhe në një mënyrë të mirë t’u sqarojmë çfarë po ndodh, sepse ka nxënës të cilët vërtet janë të shqetësuar, të shqetësuar për lëvizjen deri në shkollë dhe prapa, ndërsa ka nxënës të cilët aspak nuk ngarkohen me atë punë, bile është qesharake ajo situatë”, sqaron Bumbarovski.
Ai thot se në një shkollë të Prilepit janë shpeshtuar alarmet për bomba të cilat bile edhe dallojnë nga kërcënimet që lëshohen në shkolla tjera, bile edhe në mesazhet ka pasur edhe kërcënim për qitje në dritare.
“Ndoshta në fillimisht (v.j. nxënësit) ishin të shqetësuar, por tashmë u bënë përditshmëri. Bile tani disa nxënës lusin Zotin të ketë alarm, dhe të largohen nga shkolla, dhe atë vërtet është problem me të cilin më tutje do të përballemi ne të rriturit, por edhe vetë nxënësit, sepse në fakt ky është qëllimi ynë. Procesi arsimor duhet të zgjasë dhe të mos ndërpritet”, potencon Bumbarovski
Evakuime të përditshme
Radio MOF përmes Instagramit bëri anketë ndërmjet ndjekësve tanë – filloristë dhe nxënës të shkollës së mesme, për pasojat të cilat i pësojnë nga alarmet e rregullta për bomba, evakuimet dhe humbjen e orëve.
Nga 126 njerëz që kanë votuar në anketën tonë numri më i madh prej tyre, përkatësisht 45% thonë se janë evakuar nga shkollat e tyre më shumë se 5 herë për shkak të alarmeve për bomba. 14% janë përgjigjur se janë evakuar ndërmjet 1-5 herë, ndërsa 41% prej tyre deritani nuk janë evakuar.
Reagimet e të rinjve lëvizin nga zhgënjimi dhe revolti, e deri te rezinjimi dhe ndonjë koment sarkastik si “shumë mirë, më mirë s’mund të jetë”.
“Jetoj përballë Gjorgji Dimitrov dhe pothuajse çdo ditë ka evakuim. Është e tmerrshme nga njëra anë, ndërsa nga ana tjetër është absurde dhe është çmenduri çfarë ndodhin çmenduri të tilla dhe askush nuk kupton asgjë seriozisht”, thotë një prej atyre që iu përgjigjën anketës sonë online.
“Në fillim ishte stresuese, por tani është normale”, qëndron në përgjigjen tjetër që e morëm.
Policia para gjimnazit “Orce Nikollov” në tetor 2022/ Foto: Radio MOF
Por, krahas çrregullimit të procesit arsimor gjithë kjo situatë lë edhe pasoja për shëndetin mentor te shumë nxënës. Në anketën tonë morëm më shumë komente të nxënësve të brengosur që thonë se humbin motivim për mësim dhe ndjekje të orëve, ose shqetësohen se do t’u grumbullohet materiali mësimor.
“Bija ime është shumë e shqetësuar, megjithëse përpiqemi të sqarojmë se (v.j. alarmet) janë të rrejshme”, na komentoi një prind në anketën në Instagram.
“Ma prishin planin e ditës dhe nuk mund të funksionoj nëse nuk janë sipas planit” dhe “Rritet dukshëm belbëzimi”, janë edhe disa prej komenteve që i marrim.
Luka Paviqeviq, kryetari i Lidhjes së nxënësve të shkollës së mesme, thotë se te nxënësit dominon ndjenja e lodhjes, sepse alarmet për bomba ndodhin tashmë një periudhë më të gjatë kohore, e në disa shkolla edhe çdo ditë.
“Definitivisht dominon një ndjenjë e lodhjes, sepse alarmet për bomba ndodhin një periudhë më të gjatë kohore, në disa shkolla edhe çdo ditë. Mendoj se frika se vërtetë ka bomba tashmë nuk është aq e përfaqësuar, por me alarmet e shpeshta, me ndërprerjen dhe çrregullimin e mësimdhënies erdhëm në një situatë që edhe nxënësit edhe profesorët të ndiejnë të lodhur nga gjithë kjo”, thotë Paviqeviq.
“Jam i brengosur për dy arsye. Njëra është ndërprerja e procesit arsimor, përkatësisht fakti se kjo gjeneratë e cila tani është viti 4 arsimin e saj të mesëm nuk e përjetoi në mënyrën më të mirë të mundshëm, sepse gjithë kohën kishte disa çrregullime – pandemia, greva e profesorëve, vazhdimi i pushimit dimëror dhe tani alarme për bomba. Dhe, në fakt, në fund del se në mënyrë efektive shumë pak është përcjellë si njohuri dhe shkathtësi. Arsyeja e dytë që shqetëson është gjendja e përgjithshme e sigurisë së shtetit. Sepse nëse dikush ose disa, më shumë faktorë, gjithë kohë kohën dërgojnë alarme për bomba, ndërsa shteti shohim se nuk i gjen autorët vihet në pikëpyetje edhe vetë gjendja e sigurisë në vend”, shton ai.
Në hetimin janë përfshirë edhe NATO, Interpoll, Europoll…
Nga alarmi i parë për bombë më 26 tetor deri tani kanë arritur kërcënime në mbi 1000 lokacione të ndryshme. Të parët në shënjestër ishin shkollat në Shkup. Më vonë kërcënimet për bomba u zgjeruan edhe në shkollat në qytete tjera nëpër vend. Siç kalonte koha, alarme për bomba u raportuan edhe në vende të ndryshme, në qendra tregtare, objekte afariste, stacion hekurudhor, stacion policor, deri te objektet banesore dhe institucionet shtetërore.
Nga Ministria e Punëve të Brendshme (MPB) thonë se bëhet fjalë për kërcënime hibride që ndodhin edhe në vende tjera nga pjesa lindore e Evropës dhe më gjerë. Sipas tyre, megjithëse deri tani të gjithë alarmet janë konstatuar të rrejshme, qëllimi është të krijohet ndjenjë e pasigurisë dhe frikës, dhe sipas kësaj këto procedura kualifikohen si vepër penale “terrorizëm”.
Përmbajtja e alarmeve, për ato që u publikuan ka të bëjë me motivet politike, me kërcënime se numër i madh i njerëzve do të humbin jetën për shkak të bombave, të shkruara në gjuhën maqedonase, por me shumë gabime shtypi, që sugjeruan se është përdorur njëfarë mjeti online për përkthim.
“Kërcënimet shpesh vijnë nga adresat VPN. Doemos duhet të përmendet se gjatë këtyre kërcënimeve të organizuara hibride, paraqiten edhe persona tjerë të cilët për shkak të interesave personale, naivitetit, kërshërisë dhe motiveve tjera hyjnë në këtë sistem, por deri tani aktivitetet e tilla nga ana jonë janë zbuluar edhe kundër personave janë parashtruar kallëzime penale adekuate, për të cilat vepron Prokuroria Themelore Publike për Ndjekjen e Krimit të Organizuar dhe Korrupsionit”, theksojnë nga MPB-ja.
“Vetë hetimet janë jashtëzakonisht të ndërlikuara, të lidhura me shkëmbim ndërkombëtar të informatave dhe mbështetje si dhe me kërkesa për ndihmë juridike ndërkombëtare. Ndërkaq, janë përfshirë të gjitha institucionet në shtet nga sektori i sigurisë, si dhe nga vendet anëtare të BE-së dhe NATO-s, Interpoll, Europoll, të gjithë organizatat partnere dhe me të gjitha kapacitetet e disponueshme ndërmerren masa për zbardhjen e rasteve”, theksojnë nga Ministria.
Anonimitet përmes VPN
Lidhja VPN (rrjet privat virtual) mundëson ndryshim të IP adresës origjinale të përdoruesit. Pikërisht kjo përbën problem të madh gjatë tentimit për të zbuluar prej ku dërgohen kërcënimet. Praktikisht, përdoruesi nga kompjuteri i tij përmes VPN mund ta ndryshojë lehtë lokacionin e IP adresës nga e cila dërgohet dhe në atë mënyrë të duket se emaili është dërguar nga krejtësisht tjetër shtet.
Radio MOF e kontaktoi “NordVPN”, një prej VPN provajderëve më të mëdhenj në botë, prej ku na vërtetuan se deri tani nuk janë kontaktuar nga organet maqedonase në lidhje me kërcënimet me bomba në shkollat.
Së këndejmi thonë se nuk ekzistojnë masa teknike që do ta pengojnë dërgimin e llojeve të tilla të kërcënimeve.
“Ekzistojnë shumë mënyra për të dërguar porosi anonime, veçanërisht nëse flasim për hapësirë digjitale. Dhe, fokusimi në mënyrën e dërgimit të kërcënimit mund të japë ndjenjë të rrejshme e njëfarë progresi. Pjesa më e madhe e VPN kompanive me autoritet kanë politikë “no-log”, që do të thitë se nuk ruajnë informata për aktivitet online të përdoruesve të tyre”, thotë Llora Tirilit, drejtoreshë për marrëdhënie me publikun e “Nord Sekjuriti”, nën ombrellën e të cilit gjendet “NordBPN”.
Selia e kësaj kompanie gjendet në Panama dhe ato funksionojnë nën ligjet e këtij vendi. Në pjesën “kërkesë të të dhënave” në faqen e tyre qëndron se Panama nuk i obligon të ruhen të dhëna për aktivitetin online të përdoruesve të tyre dhe sipas kësaj ato nuk e ruajnë historinë e kërkimeve, informacionet për trafikun ose IP adresat që përdoren për qasje në internet të përdoruesve.
“Prandaj, bile edhe nëse marrim kërkesë obligative, mund të jetë e pamundshme që ne të identifikojmë person konkret ose të japim informacione me të cilat do të identifikohet ai person. Në raste ku sipas procesit juridik adekuat jemi të obliguar të bashkëpunojmë për kërkesën edhe kur mund të identifikojmë person konkret, ne do t’i sigurojmë të dhënat e limituara të cilat i procesuojmë në pajtim me Politikën tonë të privatësisë, nëse kjo bën pjesë në përfshirjen e kërkesës”, qëndron në faqen e kompanisë.
Një pjesë e politikës së privatësisë së “NordVPN”
Është i ngjashëm rasti edhe me VPN provajderë më të mëdhenj. “EkspresVPN” është me seli në Ishujt e Virgjër “Surfshark” në Holandë, ndërsa “ProtonVPN” në Zvicër, por të gjitha këto kompanitë në politikat e tyre të privatësisë pohojnë se orojnë shërbim “no-log”, përkatësisht nuk ruajnë të dhëna për aktivitet online të përdoruesve të tyre. Radio MOF dërgoi pyetje në email adresat e tyre zyrtare me mediat, por deri në publikimin e tekstit nuk morëm përgjigje.
A mund të gjurmohen personat që i dërgojnë kërcënimet?
Miko Hiponen, ekspert i njohur botëror për siguri kibernetike i cili është hetues kryesor në organizatën “WithSecure”, për Radio MOF thotë se ekzistojnë shembuj të kriminelëve që janë kapur bile edhe gjatë përdorimit të VPN ose proksi përmes të cilave e kanë mbrojtur trafikun e tyre të internetit.
“Ndonjëherë kjo ndodh për shkak të lëshimeve operative të sigurisë, e ndonjëherë kjo ndodh sepse sulmuesi përdor VPN provajder i cili mund të sigurojë informata për identitetin e policisë që vepron me urdhër gjyqësor”, sqaron ai.
Në pyetjen për motivet që qëndrojnë për sulmet e tilla ai thotë se me siguri bëhet fjalë për tentim për të shkaktuar panikë në Maqedoninë e Veriut.
“Ajo që më vjen në mend në gjendjen momentale është se ndoshta sulmuesi në këtë rast nuk është aspak kriminel, por person i cili punon për qeverinë e huaj dhe përpiqet të shkaktojë kaos në vendin tonë”, thekson Hiponen.
Kriptografi amerikan Brus Shnejer, kur Ekonomisti e ka quajtur “guru sigurie”, ka qëndrim më ndryshe dhe në përgjigjen e shkurtër që na i dërgoi thotë se kriminelët me sa duket e shmangin mirë policinë.
“Sigurisht nuk ekziston diçka që policia maqedonase mund ta bëjë në këtë rast. Me gjasë kriminelët janë të mirë në fshehjen e gjurmëve të tyre, gjë që është e lehtë në hapësirën kibernetike”, deklaroi Shenjer për Radio MOF.
Maqedonia e Veriut dy vitet e fundit ka rënie të vazhdueshme të Indeksit nacional për sigurinë kibernetike që e publikon Akademia e Estonisë për e-qeverisje. Ndërsa në vitin 2021 vendi është gjendur në vendin e 44-të në botë sipas gatishmërisë për përgjigje të sulmeve kibernetike, në vitin 2023 gjendet në vendin e 60-të, që në rajon është më mirë vetëm nga Bosnja dhe Hercegovina dhe Mali i Zi.
Indeksi nacional për sigurinë kibernetike krahasim rajonal / Foto: ncsi.ega.ee
Në raportin e fundit, sipas këtij indeksi, vendi ka rezultat më të keq në kategorinë “Mbrojtja e shërbimeve esenciale”, si dhe “Mbrojtja e shërbimeve digjitale”.
Kërcënime me bomba edhe në rajonin
Mali i Zi, Kosova, Shqipëria, Bosnja dhe Hercegovina dhe Serbia vitin e kaluar gjithashtu u goditën nga alarme të shumta të rrejshme për bomba me të cilat u targetuan shkolla, institucione dhe aeroporte në mënyrë të ngjashme si edhe në vend.
Gazetari Vuk Jeremiq, nga gazeta serbe “Danas”, thotë se kërcënimet në Serbi kanë filluar të arrijnë kah mesi i marsit vitin e kaluar, përkatësisht disa javë pas fillimit të luftës në Ukrainë. Alarmet e para kanë qenë veçanërisht lidhur me aerotransportuesin “Er Sërbia” që ka shkaktuar prolongim, dhe aterim të disa fluturimeve. Së shpejti, alarme për bomba kanë filluar të arrijnë në numër të madh email adresash të institucioneve, qendrave studentore, spitaleve, aeroporteve, restoranteve për ushqim të shpejtë, si dhe të redaksioneve të gazetarisë, në mesin e të cilave edhe media në të cilën punonë ai.
“Përmbajtja e kërcënimeve ndryshonte. Zakonisht kishte listë të institucioneve (nga shkolla dhe fakultete, deri te qendrat tregtare, kopshte zoologjike, bastore…) ku gjoja është vendosur bombë, së bashku me tekstin shoqërues. Teksti gjithashtu ishte ndryshe nga rasti në rast. Ndonjëherë shkruante se bombat janë vendosur sepse Serbia nuk ka vendosur sanksione ndaj Rusisë, ndonjëherë diçka tjetër. Kishte meile analfabetike që dukej se janë përkthyer nga google translacion, nga përmbajtja e të cilave mund të konkludojmë se ai që i shkruan e njeh mirë Serbinë”, sqaron Jeremiq për Radio MOF.
Ai thotë se publiku serb në fillim është shqetësuar, megjithëse konsideron se askush nuk ka besuar se vëret ka vendosur mjete shpërthyese. Sipas tij shumica e njerëzve janë irrituar që patjetër e kanë pasur të evakuohen nga ndërtesa ose kur janë gjetur në rrëmujë në komunikacion kur ka arritur alarm për bombë të vendosur në ndonjë urë.
“Si edhe gjithë të tjerët, njerëzit u mësuan me këtë. Secili që ka mbi 30 vjet i kujtohet si dukej kur në të vërtetë në gjithë botën kishte shpërthime. Në krahasim me atë, por edhe me atë që ndodh në Ukrainë momentalisht, kjo është me të vërtetë benjine. Punë tjetër është që alarmet u shpeshtuan dukshëm. Ishin tre, katër muaj intensive, e pastaj u rralluan. Sinqerisht, nuk mund as të kujtohem se kur saktësisht ishte alarmi i fundit”, thotë Jeremiq.
“Hetimi i letrës ende ekziston, megjithatë, është e qartë se në situatën ekzistuese nuk mund të bëhet arrestimi i dërguesit. Siç më konfirmuan disa prokurorë, në situata të tilla hetimi doemos duhet të mbështetet në prokurorinë dhe policinë e vendeve prej ku vijnë kërcënimet. Vetëm dy vende të cilët i përmendën funksionarët tanë në këtë kontekst janë Ukraina dhe Polonia. Nëse ka pasur thirrje për bashkëpunim edhe nga ana e Serbisë, ato me sa duket nuk kanë hasur në përgjigje të mirë”, thotë Jeremiq.
Disa ditë pasi e bëmë intervistën me Jeremiq, autoritetet serbe informuan se janë paraqitur alarme të rrejshme të reja për bomba nëpër shkollat në Serbi.
MASH-i me mësim online do të luftojë kundër kërcënimeve me bomba
Sipas udhëzimeve të reja të Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës (MASH), nxënësit në shkollat e të cilave ka alarm për bombë për përfshihen në mësimin online nga shtëpitë e tyre me qëllim të shmangies së humbjes së orëve. Megjithatë as ky proces nuk kaloi lehtë, sepse në vetë fillimin nxënësit janë përballur me probleme për t’u paraqitur në llogaritë e tyre të përdoruesit në platformën “Tims”.
Sipas Paviqeviq është mirë që MASH-i ka dhënë zgjidhje për gjendjen, por paralajmëron se problem është çfarë do të ndodhë me mësimin e humbur në gjysmë vjetorin e parë, nëse do të ketë mekanizma për të kontrolluar nëse të gjithë përfshihen në mësimin online ose çfarë do të ndodhë me ato nxënës që jetojnë më larg shkollës dhe nuk kanë kohë të mjaftueshme për t’u kthyer në shtëpi për ta ndjekur mësimin.
“Edhe po të realizohet kjo 100%, përkatësisht në mënyrë të përkryer, kompensohet vetëm ajo që është humbur në ditën e njëjtë, përkatësisht ajo që humbet momentalisht. E ajo që ishte humbur gjatë gjysmë vjetorit të parë nuk është kompensuar dhe nëse kështu rrjedhin punët shohim se as që do të kompensohet”, thotë Paviqeviq.
Zgjidhja sipas tij është në gjetjen e autorëve dhe sanksionimi i tyre.
“Mijëra dhe mijëra njerëz, jo vetëm nxënësit dhe profesorët, por edhe stafi teknik në shkollat, prindërit, policia, edhe gjithë publiku i gjerë gjithë kohën është maltretuar nga alarmet për bomba. Policia është këtu për të na mbrojtur të gjithë neve dhe doemos duhet t’i gjejë këto njerëz dhe t’i ndëshkojë, veçanërisht nëse alarmet vijnë nga territori i Maqedonisë së Veriut. Nga ana tjetër, aspekti arsimor, fatkeqësisht mund të themi se kjo gjeneratë është gjeneratë e humbur dhe pastaj shteti, shoqëria, ekonomia dhe arsimi i lartë do t’i shohin pasojat nga ajo që e bëri pandemia dhe të gjitha pengesat e mëtutjeshme – vazhdimi i pushimeve, greva, material i humbur, alarme për bomba bënë që sistemi si dhe arsimi maqedonas të prishet”, thotë Paviqeviq.
Mësimdhënësi Bumbarovski mësimin online nuk e shikon si zgjidhje më ideale.
“Duke marrë parasysh se alarmet për bomba arrijnë në kohë të ndryshme nga dita, është vështirë të organizohet mësimi online. Dhe konsideroni se jo vetëm nxënësit, por edhe mësimdhënësit duhet të largohen nga shkolla dhe të fillojnë të mbajnë mësim. Praktika e tillë, ja pikërisht në Prilep, kjo shkollë ku është shpeshtuar alarmi për bomba, vërtet është problem i madh. Ka reagime edhe nga mësimdhënësit, nga nxënësit dhe nga prindërit. Nuk mundemi këtë online ta lidhim me atë në pandeminë, sepse atëherë u kufizua edhe lëvizja jashtë shtëpisë, dhe kështu nxënësit ishin në shtëpi dhe nuk e kishin atë lëvizje, deri te shkolla dhe prapa. Kemi nxënës më të rritur të cilët në mënyrë dinake dinë ta shmangin gjithë atë, së paku sot në këto kushte. Ndoshta të mos kthehen në shtëpi, dhe të përpiqen të përfshihen në mësimin online nga ndonjë kafe bar lokal, ose diçka të ngjashme. Kështu që, gjithë kjo, vërtet që në këtë moment nuk është zgjidhja më ideale”, thekson mësimdhënia.
Maqedonia e Veriut disa vite të kaluara kishte më shumë incidente në të cilat institucionet ishin shënjestër të sulmeve kibernetike. Para tre vitesh hakerët sulmuan ueb faqen e Komisionit Shtetëror të Zgjedhjeve dhe atë në ditën e zgjedhjeve. Sulmet vazhduan duke i dëmtuar njëkohësisht edhe ueb faqet e Ministrisë së Shëndetësisë dhe Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës dhe diçka më vonë u sulmua edhe ueb faqja e Qeverisë.
Gjashtë muajt e fundit nën sulme të tilla ishte sistemi për mbështetje elektronike iKnow në Universitetin “Shën Cirili dhe Metodi”, faqja e internetit të MASH-it, ku hakerët i ndryshuan përmbajtjet dhe fotografitë e faqes kryesore të internetit, e i fundit në shënjestër të sulmit kibernetik ishte sistemi i Fondit Shëndetësor, që shkaktoi kaos në shëndetësinë maqedonase, ku disa javë mjekët nuk mund të merrnin paga.
Daniell Evrosimoski/Martin Koloski