МОФ објавува повик за координатор/ка на Радио МОФ

Приклучи се на тимот на МОФ и Радио МОФ!

Младински образовен форум објавува Повик за Координатор/ка на Радио МОФ одговорен/на за координација на севкупната работа на Радио МОФ и обезбедување непречено и развојно функционирање на аудио платформата, веб платформата и другото медиумско дејствување на Радио МОФ.

Младински образовен форум (МОФ) е младинска заедница која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини; креира истражувања и политики; обезбедува медиумски простор и информираност; поддржува активизам, самоорганизирање и учество; за општествен развој на младите.

Радио МОФ претставува независен онлајн медиум кој споделува информативни и музички содржини, достапни на www.radiomof.mk. Програмата се состои од вести, покривање на актуелни настани и теми како образование и култура продуцирани од страна на новинари и млади луѓе.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Координатор/ка на Радио МОФ

ЛОКАЦИЈА: Канцеларија на МОФ, Скопје

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ/КАТА:

  • Да има навршено 18 (осумнаесет) години;
  • Способност за работење во динамична работна средина;
  • Способност да раководи и работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
  • Способност за непречена комуникација со организации, институции и медиуми;
  • Да има капацитет да презема и извршува обврски со строго почитување на зададените рокови и да направи приоритет на работа;
  • Да има капацитет да работи со луѓе со различна социјална и културна позадина;
  • Можност да работи од канцеларија базирана во Скопје;
  • Можност да работи за време на викенди;
  • Можност да патува во рамките на државата и надвор од неа, за потребите на програмата и организацијата.

ПОТРЕБНИ ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ:

  • Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан македонски и англиски јазик. Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
  • Минимум завршено средно образование. Завршено високо образование во областа на комуникациски студии, односи со јавност, новинарство и/или менаџмент, ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во координирање и спроведување на проектни активности, што вклучува искуство во организација на настани, водење на социјални медиуми и познавање на останати алатки за информирање и промоција ќе се смета за предност;
  • Искуство со работа во медиум (радио или веб-ориентиран медиум) е пожелно и ќе се смета за предност;
  • Искуството со работа во невладин сектор и/или донаторски проекти е пожелно и ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на MS Office алатките: Word, Excel и PowerPoint;
  • Познавање на WordPress ќе се смета за предност.

ОПИС НА ГЛАВНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Исполнување на работно време од 40 работни часа неделно.
  • Активна вклученост во исполнувањето на стратешките цели, приоритети и активности на МОФ и Радио МОФ;
  • Одржување на редовна комуникација и координација со Извршниот директор, Програмскиот директор, Претседателот и Административниот директор на МОФ;
  • Координира проекти на Радио МОФ и комуницира со донаторите и поддржувачите на Радио МОФ, во насока на редовно наративно и финансиско известување, како и во насока на развој на соработките;
  • Обезбедува планирање, мониторинг и евалуација на работата на тимот на Радио МОФ (уредник, новинари, креатори на програмски аудио содржини, техничари, стрим тим, надворешни соработници);
  • Се грижи за обезбедување редовни дневни и неделни, музички и програмски радио содржини и емисии на Радио МОФ;
  • Креира и организира реализација на план за ефективна промоција на содржините на Радио МОФ преку онлајн и офлајн комуникации;
  • Координира и обезбедува ангажмани на тимот на Радио МОФ за потребите на надворешни субјекти (видео стриминг во живо, медимски покривања и др.);
  • Реализира редовни координации на тимот на Радио МОФ и се грижи за редовни состаноци на различните тимови во Радио МОФ;
  • Контрола и креирање на содржини (печатени и дигитални) кои организацијата ги пласира во јавност, вклучувајќи соопштенија за медиуми, покани за медиуми и други содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата;
  • Се грижи за организација на обуки, менторства, јавни настани (музички, активистички, друштвени) и други активности на Радио МОФ;
  • Учество во подготовка на проекти, успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на проектните активности за кои е задолжен/а;
  • Учествува во обезбедување финансиска и ресурсна одржливост за работата на РадиоМОФ.

 ШТО НУДИМЕ:

  • Флексибилна и динамична средина исполнета со позитивна енергија и млади луѓе;
  • Поддршка во исполнување на работните задачи;
  • Двонасочна евалуација на перформансите со конкретни насоки за подобрување и личен развој;
  • Проширување на мрежата на познанства со претставници на други организации и институции во земјава и странство;
  • Можност за унапредување на лични и меки вештини;
  • Учество на настани, конференции, семинари, обуки како претставник на МОФ.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 12.03.2023 година (недела) до 23:59 часот на info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk, со назнака „Апликација за координатор/ка на Радио МОФ“со испраќање на:

– Биографија (CV) и

– Moтивациско писмо во должина до 1 страница.

Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат поканети на интервју со комисијата составена од членови на Младински образовен форум.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно обратете се на: info@mof.org.mk и teodora_stolevska@mof.org.mk.