Излегувате ли некогаш од комфорт зоната на „Нетфликс“?
Мартин Чичовски, Мила Гроздановска, Тодор Стојковски ги знаете од „Генерација бушави“, „Јас не припаѓам тука“ или „Јас не сум пе*ер“. Дел се од независната младинска продукција „Марви“ и снимаат кратки, долгометражни филмови и серии. Велат дека го користат филмот за да го кажат тоа што сакаат да го кажат.
Седмата уметност, филмот, како средство за испраќање пораки е во фокус на четвртата епизода на Youthink подкастот за медиумска писменост.
Со нив зборуваме за се’- како дружбата може да стане филм, како е да се има тоа „жарче“ во себе и да се прати порака до светот, како е да се зборува на теми за кои сите молчат… Зборуваме и колку е токсичен ТикТок и како Нетфликс може да се стане комфор зона.
Слушнете ја четвртата епизода од #Youthink подкастот на Радио МОФ.
Ивана Смилевска