Инфоцентарот отворен пред неколку дена во Прилеп – под клуч

Пред неколку денa, по повод одбележувањето на државниот празник 11 октомври, Паркот на револуцијата беше збогатен со нова содржина – Инфоцентар, со цел промоција и развој на туризмот во Прилеп, односно да им понуди помош и услуги на домашните и странските туристи кои доаѓаат во градот.

Инфоцентарот во Паркот на револуцијата во Прилеп под клуч

Инфоцентарот е проект на Владата на Р.Македонија, а локацијата, како што беше потенцирано на празникот била избрана поради фреквентноста и посетеноста на Паркот на револуцијата.

И покрај тоа, Инфоцентарот денеска остана под клуч. Засега нема информации зошто е затворен објектот.

Локалната самоуправа бавно ги реализира предвидените проекти што според најавите одамна требаше да бидат завршени во Паркот на револуцијата. Еден од тие проекти е изградбата на скејт-парк пред спортската сала „Македонија“.  И по 10 месеци, на површина од 1331 м2 предвидена за реализација на овој проект, се простира празна ливада.

Скејт-паркот требаше да биде готов уште пред неколку месеци, но сѐ уште нема никакви активности во врска со реализацијата на овој проект.

А.Ш.