Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) со поддршка од Амбасадата на САД во Република Македонија организира настани насловени: „Одржливи градови: урбани, културолошки и технолошки Агенди“ во чии рамки ќе се одржи предавање на Kristy Balliet од универзитетот Охајо Стејт, САД, на тема: „Надворешната соба: дел урбана – дел архитектонска“
Предавањето ќе се одржи во понеделник, 21 октомври 2013, со почеток од 19:30 во амфитеатарот на Архитектонски факултет во Скопје, а тоа ќе биде проследено со симултан превод.