„Дали ќе го преживеам ова возење со такси?“, „Дали ќе го преживеам овој месец?“, „Дали ќе го преживеам породувањето?“ се дел од прашањата што во последно време ѝ се актуелни на јавноста, а кои го предводат и слоганот на овогодинешниот осмомартовски Марш за женски права – „Ќе прежвеат ли жените овде“.
Во оваа епизода на „Јасно и гласно“ заедно со Ангела Јовановиќ, млада земјодека, Мерита Мустафи, параправничка во Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – „Сонце“ од Тетово и Кристина Ампева, претседателка на здружението „Гласен текстилец“ од Штип, меѓудругото, разговараме за породилното отсуство на земјоделките, почитувањето на женските работнички права, како и можностите за образование на Ромките.
Ангела Бошкоска