Повеќе од 400 деца ќе бидат дел од Меѓународниот филмски фестивал „Џифони“ кој од 17 до 22 октомври ќе се одржи во Скопје. Фестивалот има за цел да ја доближи филмската уметност до младата генерација.
Покрај од Македонија, учесници ќе бидат и деца од Италија, Романија, Србија, Грција и Албанија.
Според директорот на Филмскиот фонд, Дарко Башевски, голема е честа да се се добие бесплатно брендот на еден фестивал со ваква традиција како „Џифони“ .
Освен проекциите на филмови наменети за возраста на учесниците, тие ќе можат да дебатираат за филмовите и да гласаат за најдобриот. За време на фестивалот во МКЦ ќе се одржат и голем број креативни работилници за младите луѓе како и за развој на детската имагинација и свест.
Покровител на работилниците за изработка на видео игри, фотографија како и снимање на краток филм е Seavus едукативниот и развоен центар, а на фестивалската програмата ќе се најдат и најдобрите кратки играни филмови од домашни филмски автори, подржани од Филмскиот Фонд на Македонија.