Гоце Мукевски и Благојче Пишмановски се дел од осумте волонтери кои живеат и работат во „Рето Надеж“, социјално претпријатие за рециклирање на стар мебел. Како поранешни зависници од дрога тие зборуваат за нивното искуство во „Рето“ кое служи и како центар за рехабилитација и ресоцијализација.
Мукевски и Пишмановски заедно со другите волонтери и штитеници деновите ги минуваат во поправка и репарирање на стар мебел и бела техника, а нивните производи се нудат и во продавницата во скопското село Батинци.
„Рето Надеж“ е во Скопје е отворено во 2006 година. Неодамна со помош на Центарот за поддршка на социјални претпријатија поддршка тие обезбедија машина за мебел и транспортно комбе, а кон иницијативата се приклучија и студенти од Економскиот факултет при УКИМ кои им помагаат за проширување на нивната маркетинг кампања на социјалните мрежи.
Погледнете ја нивната приказна во видеото на Радио МОФ.
Даниел Евросимоски / Ангела Бошкоска