[Видео] #Инста(нт) вести 3.3

Субвенционираниот студентски оброк од април да биде 140 денари. Ова е новиот предлог закон на студентите и МОН што треба да важи до крајот на оваа година.

Како низ годините се менуваат интересите на младите, покажуваат и бројките на запишани студенти на факултетите. Ако пред десетина година најатрактивно било правото, економијата и јазиците, сега таа улога ја имаат преземено компјутерските и медицински науки.

Направи повеќе е дигитална платформа за донација на храна и санитарни производи, а тимот е составен од младите ентузијасти Андријана Илиевска, Марко Андонов-Ацев и Александра Манолчева.

Отсега, #ИнстантВести се достапни на Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)