Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УСС УКИМ) и Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет организираат хуманитарна студентска забава што ќе се одржи во среда (22 март) во скопскиот клуб Станица 26.
Со свој сет на музика ќе настапат диџејките Еми Ермилова и Ивана Драгшиќ и Орце Коцев.
Од УСС УКИМ соопштуваат дека средствата од забавата ќе бидат наменети за социјално загрозени студенти. За билети и резервации може да се контактира овој телефонски број: 072 766-045.