Скопскиот бенд „Културно Уметнички Работници“ (К.У.Р) најави концертна промоција на нивниот нов, воедно и седми албум „Панк Кабаре“.
Свирката ќе се одржи на 6 април (четврток) со почеток во 20:00 часот во барот „Макка“, во Скопје.
„Панк Кабаре“ е снимен во „Студио кај Трајче“ од Трајче Митревски и Дарко Поповски Блуз. Микс и мастеринг направи Дени Крстев од Студио 1060, а дизајнот на омотот е на Војдан Запров. Албумот има 14 песни и веќе е објавен на Бендкемп и Јутјуб.