[Видео] #Инста(нт) вести 3.3

МОН донесе времена забрана за упис на вонредни ученици во средните медицински училишта со цел да се спречи одливот на здравствени работици во време кога овој кадар е дефицитарен во земјава.

Во истражувањето на Институтот за комуникациски студии „Фемицидот во македонските медиуми“, а во авторство на Бојана Јовановска и Јована Јовановска се посочува дека медиумите треба да имаат значајна улога во борбата против родово-базираното насилство, но, во пракса тоа ретко се случува.

Патите од скршено срце? Слушнете како младите од Нов Зеланд се тешат со државно платена кампања – „Сакај подобро“, која треба да им помогне да ги надминат болните раскинувања.

Отсега, #ИнстантВести се достапни на Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.

Видео емисијата е активност финансирана од Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ). Содржината е единствена дговорност на авторот и не нужно ги изразува ставовите на ФООМ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)