„Легендата вели дека еден ден во Битола ќе има прејака сцена, прејаки бендови и публика која има што да каже. Епа се ближи денот!“.
Вака стои најавата за настанот на 31 март (петок) во „Везилка“ во Битола, каде од 21 часот е најавена свирка на „Peach Vice“ и „Gargoyles“.
„Се собраја луѓе со искрени намери, луѓе кои сакаат промени, луѓе што сакаат да дишат! Спремаме интергалактичка бура. 31 март во Везилка. Запишете го датумот“, стои во најавата за настанот.
Картите до 23 март беа 200, а сега се 250 денари.