Бангладешката полиција уапси новинар од еден од најчитаните национални медиуми поради „ширење дезинформации“, откако тој објавил вест за зголемените цени на храната, пренесува „Гардијан“.
Шамсузаман Шамс бил приведен од својот дом во четири часот изутрина од неуниформирани полицајци, пренел матичниот медиум на новинарот, „Протом Ало“.
Групите за човекови права велат дека законот кој го користат властите против Шамс, се користи во своето генерално значење за да се потиснат сите новинари и критичари кон власта.
Цената на храната во Бангладеш е покачена од втората половина на 2022 година поради руската инвазија во Украина. Истовремено, бангладешката валута, така, е значајно опадната во вредност во споредба со доларот.
Министерот Асадузаман Кан, го потврдил апсењето на новинарот и изјавил дека тој бил испрашуван од полицијата поради „дезинформации“.
„Против него е отворен предмет“, истакнал министерот кој посочил дека Шамс ќе биде ослободен, со можност за повторно апсење.
Новинарот бил осомничен за „уништување на угледот на Владата со дезинформации“ и покренување на прашања за успесите на Бангладеш. Тој е осомничен според Актот за дигитална безбедност.
Според локална невладина организација, околу 3000 луѓе се осудени по Актот за дигитална безбедност откако тој бил воведен во 2018 година, а меѓу осудените се 280 новинари.
„Репортери без граници“ ја рангираше Бангладеш на 162 место од 180 земји во својот Индекс за слобода на медиуми во 2022 година. Бангладеш се наоѓа подоле од Русија (155 место) и Авганистан (156 место).