Во среда (5 април) во „Паблик рум“ со почеток во 18 часот ќе се одржи дебатата за млади „Мрачната страна на социјалните медиуми – Коегзистирање со доброто и злото“.
Говорници на настанот ќе бидат Андријана Вешовиќ-Зомбијана, креаторка на содржина и активистка (Црна Гора), Бојана Стојменовиќ, Мој психолог и Бојан Кордалов, комуниколог и специјалист за социјални медиуми кои ќе дадат одговори на следниве прашања:
„Младите половина од денот го поминуваат во виртуелната реалност, односно на друштвените мрежи. Постојано споделувајќи, објавувајќи и креирајќи содржини за социјалните медиуми, тие ги прошируваат своите хоризонти, вештини, учат нови нешта и ги ‘пингуваат’ местата, храната од соништата и своите идоли.
Но, ако ја свртиме паричката од другата страна, социјалните медиуми имаат и своја мрачна страна – друштвена изолација, сајбер булинг, нарушено ментално здравје или едноставно тестирање „штетни“ трендови. Каде ставаме граница и како можеме да коегзистираме со предностите и предизвиците на овие платформи?“
Настанот ќе биде на македонски јазик и ќе трае 90 минути, а ќе го модерира Гоше Николов, новинар во новинаската агенција Мета.
Настанот е од отворен тип и на истиот се очекува да присуствуваат млади лица. Сите заинтересирани страни се повикани да го пополнат формуларот за регистрација достапен на овој линк.
Настанот ќе биде фотографиран и пренесуван во живо на Фејсбук страницата на Фондација Метаморфозис.