На почетокот на оваа учебна година во македонските редовни училишта се запишале 185.099 основци и 69.227 илјади средношколци, информираше Државниот завод за статистика.
Тоа значи дека за две децении во основните училишта има речиси 47 илјади ученици помалку, а во средните училишта речиси 27 илјади помалку средношколци. Во проценти, во споредба со пред 20 години, оваа година има 20% помалку основци и 28% помалку средношколци.
На инфографикот во продолжение може да го погледнете бројот на запишани ученици, по учебна година, во последните две децении:
Даниел Евросимоски