Еден од најзначајните европски треш-метал бендови, „Креатор“, ќе згрмат на главниот стејџ на овогодишниот „Д Фестивал 2023“.
„Во соработка со Terrorvoid Promotions, со гордост го најавуваме настапот на култниот германски бенд, хедлајнер на најголемите метал фестивали и водечки гигант на треш-метал сцената со кариера која трае четири децении“, велат организаторите на „Д Фестивал“.
Од таму посочуваат дека во Дојран ќе се случува „Епско лето“ за сите кои го почитуваат тврдиот и моќен метал звук и единствена прилика на главна бината за сировата масивна енергија која „Креатор“ ја испорачува на своите концерти.
Инаку, досега на „Д Фестивал“ се најавени: домашните бендови „Peach Vice“ и „Смат“, потоа уметницата Зарина Првасевда и составот „Баклава“, грчкиот рок-бенд „1000Mods“, псај-техно диџејката Индира Паганото, раперката Мими Мерцедез, пејачката Алина Паш и инди-рокерите „КОИКОИ“.