Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје денеска соопшти дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Утре (петок), иако возилата ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок ќе се автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Во сабота, недела и понеделник автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.
„Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат единствено во сабота, а другите денови петок, недела и понеделник ќе бидат неработни за сите продажни места“, велат од ЈСП.
Жичарницата претстојниве празнични денови од петок до понеделник ќе работи вообичаено, од 10 до 18 часот, а нема да работи во вторник, посочија од ЈСП.