„Уметноста на звучните пејзажи во современата изведба” – предавање на Алесандро Ола во Центар-Јадро

Во среда (19 април) во КСП Центар-Јадро во Скопје од 19 часот ќе се одржи предавање на професорот Алесандро Ола.

Ола е познат уметник со звук и композитор кој, во рамки на проектот Arts Hub ќе ги сподели своите сознанија за тоа како звукот може да го подобри изведбеното искуство и да создаде инволвирачки средини.

„За време на предавањето ќе истражиме најразлични елементи на звучните пејзажи, вклучувајќи теренски снимки, пронајдени звуци и електронска манипулација, и како тие можат да се искористат за да се создаде уникатен звучен пејзаж за публиката. Воедно и ќе проникнеме во спојот на звучната уметност и изведбата, и ќе дискутираме како звукот може да се користи како форма на изразување и раскажување. Исто така, за време на предавањето ќе ги истражиме начините на кои звукот може да се користи како алатка за социјален ангажман, од проекти во заедницата до инсталации на специфични локации кои се бават со суштински социјални прашања. Ќе разговараме и за тоа како звукот може да помогне да се создадат поинклузивни и партиципативни форми на уметничко изразување, овозможувајќи им на маргинализираните заедници да го пуштат својот глас и да бидат слушнати“, велат од Центар-Јадро.

Оттаму велат и дека на предавањето ќе се разговара и за општествено ангажираната уметничка практика и улогата на звукот во градењето капацитети за локалната сцена во социјално ангажираната уметност.

„Нашиот говорник ќе ги сподели своите искуства од неговата работа со заедници и уметници за развивање вештини и градење мрежи, овозможувајќи им да креираат свои социјално ангажирани уметнички проекти и иницијативи. Без разлика дали сте уметник, изведувач или едноставно сте заинтересирани за светот на звукот, ова предавање не треба да се пропушти. Ви ветуваме дека оваа вечер ќе ве стимулира на размислување и подлабоко ќе ја цените моќта на звукот во современата изведба“, најавуваат од Центар-Јадро.

Предавањето се реализира во рамки на проектот Arts Hub на КСП Центар-Јадро, кој е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.

*****

Алесандро Ола (Alessandro Olla, IT/ESP), композитор, пијанист и изведувачки уметник. После студиите по пијано, композиција и електорнска музика, го напушта академскиот пристап кон музиката и го започнува својот уметнички пат низ експеримент, импровизација и електроника, како во компонирањето така и во сценскиот настап. Неговото лично истражување се фокусира главно на интеракцијата помеѓу музиката и другите уметнички изрази. Неговите интереси и искуство исто така вклучуваат видео-арт и танц.

Изведувал во интернациопнални музеи и галерии, како на пр.: MACBA (Museu d’Art Contemporani Барселона, 2007), BAC (Лондон, 2007), GRIM (Centre Montévideò Марсеј, 2005), Accademia d’Arte Contemporanea (Сиракуза, 2000), Théatre Daniel Soriano (Дакар, 2004), The Luggage Gallery (Сан Франциско, 2004), Voz Alta (Сан Диего, 2004). Настапувал со современи уметници меѓу кои и: Tim Hodgkinson, Marc Ribot, David Shea, David Toop, Elio Martusciello, Victor Nubla, Fabrizio Spera, Paolo Fresu, Jean Marc Montera, Lorenc Barber, Roberto Pellegrini, Henning Frimann; на фестивали меѓу кои и Time in Jazz (Berchidda, 2006), LEM (Barcelona, 2005), Europe Tendence Emotion (Paris, 2003), electricittà – GRIM (Marseilles, 2005, 2003), Festival SpazioMusica (Cagliari, 2003), Ixem (Firenze, 2003), Impro Match, festival europeen de musique improvisée (Poitiers, 1999). Во 1996 го основал ансамблот Coincidentia Oppositorum.

Од 1999 компонира оригинална музика за бројни претстави, соработувајќи со важни италијански театари и театарски уметници, како Дарио Фо, Марко Карнити, Марко Пароди, Дациа Мараини, Марио Фатикони, Франческо Ориго, Франческо Сапонаро, Карла Тато. Автор е на театарски претстави кои исто така вклучуваат претстави базирани на импровизација (Suonobliquo, Water Rythms, Aleph). Компонирал музика за радио, телевизија и филмови и работел на звучни записи на локации во урбани и рурални средини.

Од 1994 работи и како подучувач и ментор, во рамки на театарски и музички работилници. Подучувајќи, го продлабочил својот поглед на врската музика-јазик-поезија и како режисер реализирал неколку проекти базирани на вокални експериментирања. Веќе шест години држи часови за музикотерапија и театарски работилници, работејќи во полето на менталните потешкотии.

Во 2007 го основа и почнува да го води мултимедијалниот фестивал на напредна музика SIGNAL, чијшто е идеен творец. Од 2001 до 2005 организирал годишен фестивал за импровизација и музичко истражување, базиран на работилници и перформанси во Каљари, Сардинија. Живее помеѓу Барселона, Рим и Каљари, а базата му е (главно) во Каљари, каде во 1995 го основал центарот посветен на музичко истражување и театарски експеримент, TiConZero [www.ticonzero.org]

Повеќе информации за предавачот на: http://www.aleolla.it/