Во четврток (20 април) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи дискусија за менталното здравје на младите и социјалните медиуми во организација на Центарот за менаџмент на човечки ресурси при факултетот.
Како што посочуваат организаторите, панелистите ќе се обидат да дадат одговор на главното прашање – „Дали социјалните медиуми му штетат или го унапредуваат менатлното здравје на младите?“.
Настанот е од отворен тип и ќе започне во 12 часот. Сите заинтересирани за присуство треба да го пополнат формуларот за регистрација на овој ЛИНК, најдоцна до среда, 14 часот.
Присутните учесници по завршување на настанот ќе добијат сертификат за учество, се посочува во најавата за дискусијата.