Ученичката Емилија Николовска освои бронзен медал на Европската женска математичка олимпијада (ЕГМО) што од 13 април се одржува од Пoрторож, Словенија, пишува Умно.мк.
Од олимпијадата со пофалници се стекнаа Ивона Зикова и Миша Веселински, а успешно се претстави и Сара Тошевска. Свечената церемонија за доделување на наградите треба да се одржи вечерва.
Македонскиот состав го предводеше професорката Анета Гацовска-Барандовска заедно со Ерблина Зеќири кои се од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Николовска, Зикова и Тошевска се ученици во Математичко-информатичката гимназија од Скопје, а Веселниски е втора година во „Јахја Кемал – Скопје“.